Monday, 23 October 2017

Македонските новинари да го зацврстат јазикот (интервју со Саша Узунов)

Здраво живо г-ине Узунов. Ви благодарам за овозможената прилика за интервју.

team uzunov

Колку години живеете во странство и од кога сте новинар?

Јас сум роден и растен во Австралија. 30 години сум во новинарството, бев и воен дописник од Ирак (2005) и Авганистан (2007,2008 и 2013). Снимав документарен филм со канадски колеги за канадска телевизија, а работев како дописник во Македонија во 1993 за МИЛС новинарската агенција. Во Македонија живеев само една година (2002-2003), во Скопје, а последен пат бев во 2005та кога поминував на пат кон Ирак.

timor tour of duty

Дали ја следите моменталната состојба во Република Македонија, и што би коментирале за истата?

Долго време ја следам ситуацијата во Македонија: во 1991 ја предвидов војната во тогашната Југославија, а во 1993 предвидов дека ќе има Албанско востание во Македонија (што се случи преку конфликтот од 2001)…

sasa uzunov

На вашиот блог www.teamuzunovmedia.blogspot.com можат да се најдат интересни информации за какви што ретко има простор во македонските медиуми. Дали и колку тајните служби имаат влијание врз дијаспората и ситуацијата во Македонија во последните неколку децении?

Од 1995 до 2002 направив пауза од новинарство, и служев војник во Австралиската армија, како пешадски војник, и два пати учествував во мировни мисии за Обединетите Нации на островот Источен Тимор.

sasha uzunov australia

Се заинтерисирав за активностите на УДБа во Австралија околу 1989 година, кога Австралиски полицаец ми се јави на телефон и побара информација за Македонската заедница. Тогаш бев млад новинар и пишував за Македонски весник на англиски во Мелбурн.

Тој мене лично ми стана извор.. и преку него дознав многу работи. Почнав да истражувам по архивите во Австралија и најдов многу досиеја од австралиската разузнавачка слузба (ASIO) кои биле објавени по јавност.

Имам добиено неколку закани за убиство ама уште сум жив! 🙂

Пронајдов и многу документи за Македонија од времето на Илинденското востание до Втората светска војна, но и од времето на СФРЈ.

greek civil war

Кое е вашето мислење за многубројните интернет портали од Македонија, и за начинот на кој што работат македонските новинари?

Мојата порака до младите македонски новинари е да бидат љубопитни. Да прашуваат за се’, без разлика дали е за некој странски збор кој што се употребува во македонскиот јазик или пак политиката. Без љубопитност нема напредок. Новинарите во Македонија се должни да користат што повеќе македонски зборови и да го зацврстат јазикот.

10432496_10204793486171057_9001689280359264100_n

Што би им порачале на читателите во овие бурни времиња?

Нација или општество кои имитираат други, како на пример Белград, Софија и сл., нема како да напредува. Треба слободно мислење и оригинални идеи…

sasha uzunov herald sun

Интервју ЛОЗА 2015
прашања – Никола Ристевски