Трубадурската учтива љубов

Минуциозниот ритуал на Fin Amor (трубадурската учтива љубов) ги има сите карактеристики на иницијацискиот обред. Не недостасуваат ни претходни инструкции, ни градификацијата на искушението, на квази-побожниот допир, ни тајната, ни темата на симболичната смрт, проследена со ново раѓање, нова младост која иницијантот го претвора во друг човек.

Под велот на љубовната поезија, трубадурската поезија е посветеничка поезија. Воопшто не е случајно што нејзините посветеници и следбеници ја нарекуваат Весела наука, затоа што таа е многу повеќе од уметност, таа е спознание просветлено од срцето, таа е Гноза.

Жерар де Сед, Тајната на Катарите

Leave a Reply