Saturday, 19 August 2017

Македонската спонтана магија во Русија

Терминот транспозиција може да се сретне во различни употреби и да биде искористен во повеќе намени. Наскоро во Русија ќе се одржи настан кој што е дел од проект за премостување помеѓу култури, држави, жанрови и имагинарни простори. Патувањето и креативното талкање имаат важна ролја во едукацијата на уметниците уште од Ренесансата. Ова практикување овозможува транзиција од почетник – чирак до независен мајстор. Младите артисти патувале за да откријат нови светови и да учат од различни учители – мајстори. Самото учење од животот за време на постојано патување во различни градови, училишта и приватни ателјеа, ги ослободувало од сите поранешни рестрикции и им овозможувало да го формираат својот уметнички израз.

transpozicii

Уметничката Резиденција во Свети Петербург е отворена во 2012тата година, во најстариот уметнички центар на Ленинград – Пушкинскаја 10. Артисти кои практикуваат различен вид на уметност и куратори имаат можност да живеат и работат на нивните проекти во уникатна атмосфера на мултидисциплинарниот арт центар. Таму од следниот викенд до крајот на август ќе бидат презентирани дела инспирирани од креативното талкање и мистичните искуства.

spontana magija d vincic sisters 2

Изложбата Транспозиции се однесува на искуството од оваа програма, изразено преку истражување на феноменот на уметничките резиденции. Вклучени се дела од 25 автори од 17 земји, меѓу кои што се и Д Винчич Систерс – Сестры Винчич. Настанот содржи изложба во Музејот за Неконформистичка Уметноста и јавна програма која вклучува разговори, перформанси, предавања и работилници.

spontana magija d vincic sisters 4

Сестрите Винчич за ЛОЗА – Бевме одбрани во февруари 2014 година од комисијата на Културниот Центар и Музеј за модерна уметност, Пушкинска 10 во Санкт Петерсбург за да твориме и престојуваме во Русија 3 месеци. За време на престојот изработивме 15 уметнички дела во акрил на платно.

random magic

Од 8-13 февруари 2014 година делата под заеднички наслов ”Спонтана Магија” беа изложени во Галерија 2,14 во Санкт Петерсбург и добиjа извонредни критики за специjален артистички пристап кон реалноста и наоѓање на знаци и симболи на секојдневни места и појави во Ст Петерсбург. Го истражувавме Санкт Петерсбург среќавајќи нови и интересни луѓе кои ни ги открија тајните на градот на еден нов начин. ”Спонтана Магија” е серија на 15 дела, тие се и приказна за две непознати девојки и нивните авантури во Ст Петерсбург. Тие на својот возбудлив пат среќаваат вили, змејови, магепсници. Поради многубројните позитивни критики кој беа споделени и во Руските медии ни бесе огромна чест која во февруари 2015 бевме поканети од Министерството за Културана Руската Федерација и Музејот за модерна уметност, Пушкинска 10 за повторно да ги изложиме делата од циклусот ”Спонтана Магија”. Посебно би сакале да споделиме дека во текот на нашиот престој во Санкт Петерсбург бевме прекрасно дочекани од руските уметници, граѓани и власти. Многу се зближивме и работевме заедно со светски познатиот руски уметник Борис Косхелокхов.

boris

d vincic sisters boris

Од 25 јули – 30 август нашите дела од циклусот ”Спонтана Магија” ќе бидат излозени во Музејот на Модерна уметност во Санкт Петерсбург заедно со дела на уште 24 интернационално познати уметници, сите под наслов ”Транспозиција”. Настанот како и нашите дела се експонирани и на официјалниот интернет портал на Шведскиот Конзулат во Санкт Петерсбург поради тоа што нашето постојано живеалиште е во Шведска.

transpozicii 2

Д Винчич Систерс на ЛОЗА:

Лицата на Александар и Градот со седумте капии
Интервју
Лицата на Александар патуваат низ Македонија

spontana magija d vincic sisters 3