Monday, 21 August 2017

Д Винчич Систерс во Франција – “Парада на суштества”

Во среда, на 22ри јули, во еден замок во Франција се одржа настан на кој што беа изложени и слики од македонските артисти – Сестрите Винчич. На изложбата со наслов Парада на суштества беа презентирани нивните дела, создадени за време на овогодинешниот престој во Франција.

france vincic

Во замокот Château Saint-Esprit, во близина на градчето Драгуигнан, се дегустирало вино создадено од грозјето кое расте на овој посед, а биле презентирани и еколошки и етнички материјали од Мадагаскар. Уметничките дела на Д Винчич Систерс, изработени во акрил и мастило, ги одушевиле присутните посетители и официјалните претставници на градот.

france vincic

Делата на Сестрите, создадени за време на нивниот престој во Франција, се инспирирани од тамошната култура, уметност и митологија. Во 14от век била запишана една легенда за девојката Мелусин, која му била жена на кралот. За да се омажи со него, таа му поставила услов – да не ја гледа кога се капе во сабота. Секоја сабота таа се претварала во сирена. Иако кралот многу ја љубел и го почитувал поставениот услов, љубопитноста му била голема, па една сабота почнал да ја ѕирка…

d vincic sisters france

Подлабоката анализа на оваа легенда и истражувањето на Д Винчич Систерс, ни укажуваат дека станува збор за рамнотежа, односно баланс помеѓу машкиот и женскиот принцип. Иако бил крал, гореспоменатиот ѕиркач морал да ја почитува женската потреба за сопствен мир и интегритет во точно определено време. Некои од насловите од Парадата на суштествата се – Месечината, Ѕвездите, Маѓепсникот…

11774285_10153489212964137_584616631_n

Д Винчич Систерс за ЛОЗА – Нашите слики беа огромна атракција. На манифестацијата беше присутен и градоначалникот на градот, кој беше одушевен од нашата работа, и заедно со неговата сопруга не поканија на повторна средба. Г-ѓата Хелена, сопственичката на замокот не покани на оваа манифестација на нејзиниот имот, каде што се дегустираше прекрасно вино од овој крај. Ова беше едно волшебно искуство, кое само ни потврдува дека сме на вистинскиот пат. Во Франција вестите се шират многу брзо, тие слушнале за нас и многу им се допаднале сликите кои ги изработивме во Франција во летниов период. Уште повеќе се заинтересираа кога дознаа дека имаме македонско потекло. Сопственичката на замокот вели дека сликите ја потсетуваат на нејзините омилени сликари – Пикасо, Дали и Гоген. Иако нашиот стил на работа ја потсетувал на овие врвни сликари, сепак не ги одвојуваше очите од нашите дела, кои сепак ги дефинираше како уникатни…

11791837_10153489213004137_991050711_n 11756648_10153489213024137_248464980_n 11758850_10153489210839137_437635793_n 11759510_10153489210889137_1374018193_n 11774361_10153489210894137_375316856_n 11774444_10153489212944137_1347303796_n 11787384_10153489212959137_933770352_n 11787448_10153489212954137_465501350_n 11791644_10153489210899137_1827211665_n

Défilé de créateurs à Draguignan au Château Saint Esprit (текст на француски + фото – клик)

Во наредниот период Д Винчич Систерс ќе престојуваат во Русија, а нивните дела ќе бидат изложени во најстариот уметнички центар на поранешен Ленинград – Пушкинскаја 10. (повеќе – Македонската спонтана магија во Русија)