Friday, 20 October 2890

Раѓањето на Александар Македонски

Мајката на Александар, заплашена од Филип дека ако не му роди машко дете ќе ја убие, побарала помош од билкарите за да плодот и биде момче. Благодарение на моќта на билките, чедото на Филип било машко. Тука доаѓаат до израз верувањата во билките уште од најстари времиња.

Самото раѓање на Александар Македонски содржи фантастични елементи, потчинети на верувањата за претскажување на судбината на човекот. Неговата мајка го родила со прстен на раката, на кој било напишано неговото име. Со посредство на симболиката на прстенот е одредена судбината на Александар. Прстенот има заедничка симболика со кругот како вечност, континуитет, божественост. Симболиката на кругот носи моќ, сила, достоинство и сувереност.

Кралот Треф и неговиот дух – Д Винчич Систерс

извор – Македонска Народна Митологија од Танас Вражиновски