Saturday, 19 August 2017

Клуч на походот (на Александар Македонски)

Не ти дадоа наречниците
земја да проодиш
туку ѕвезда и походи

Пела е црна марама
и за Филипа
од облаците што се истури
од планините што истече
а го запре
лудото млеко на љубовта

Какво враќање назад
кога и колите на болот
срцкаа, тагите и монсуните
ги стркала кон морињата

Смртните ткаат депресии
Големи кралево на ситни кралства
се разбегаа пред твојата сенка
на походот како стаорци
Реа на Азија

Го помести сонцето
да го продолжиш видикот
а сепак оттисокот на стапката
го остави на земја
но не да одиш
туку да полеташ.