Гробот на Александар Македонски е на Беласица?

Бројот на посетителите на планините Беласица и Огражден од година во година е се поголем. Беласица некои ја “ораат” трагајќи по закопаното азно од античко време, а на Огражден американската фирма “Фелпс Доџ” извесно време бара бакарна и златна руда. И жителите од подбеласичките села и тие од Иловица и од Штука велат дека малку се тие што доаѓаат како туристи, а помногубројни се оние доброопремените со детектори, алати, па дури и со специјални возила за искачување на непристапните терени. (повеќе – Дневник)

Иако поминаа многу векови од смртта на големиот освојувач и војсководец, легендите за неговото неоткриено гробно место и богатството што го сокрива, и денеска ја скокотка човечката фантазија.

И помеѓу струмичани кои ги сакат ваквите приказни, можете да слушнете една легенда која кажува дека вечното почивалиште на Александар Македонски се наоѓа во планината Беласица, сокриено во пештера. (повеќе – StrumicaCity)

Leave a Reply