Sunday, 24 September 2017

Гробот на Александар Македонски е во Трескавец?

Во сојузниот секретаријат за државна вредност од 1954 година отворено е досие за оперативна обработка „МАКЕДОН“ – со назнака државна тајна, строго поверливо, архивски број 114-2242/53.

Имено, тогашниот Војно Технички Институт, по налог на Генералштаб на ЈНА врши испитување на радиоактивност на терен во место викано Трескавец во близина на Прилеп трагајќи по ураниум, кој во тоа време беше потребен на војската на Југославија. Според службената белешка, при сондажни испитувања, откриена е гробница од поголем обем, истата е документирана, со приложени фото документации од стратиграфијата на теренот која е приложена на службената белешка, која веднаш е испратена во Белград. За ваквото нешто од Македонскиот врв знаеле Лазар Колишевски, Крсте Црвенковски и Киро Глигоров. Се до 1990 година овој дел беше под постојан мониторинг на тајната полиција, а и на војската на југосавија. Доколку се проверат архивите на тајната полиција, ќе се увиди дека воопшто не е случајност зошто овој терен бил под посебен безбедносен режим.

извор – OhridSky