Бакарната книга и Александар Македонски

Каква голема тајна крие во себе мистериозната Бакарна книга,која и навистина постои и која денес се чува во една приватна збирка во Македонија?
Дали е мошно во оваа книга да се крие најголемата тајна поврзана со Александар Велики Македонски?

Ова се историски факти:

-Во 199 година императорот Септимиј Север одлучува ковчегот со телото на Александар Велики Македонски од Александрија да се премести на непозната локација заедно со (цитат); “…СИТЕ КНИГИ ШТО СОДРШЕЛЕ ТАЈНИ ЗНАЕЊА СО ЦЕЛ НИКОЈ ВО ИДНИНА ДА НЕ МОЖЕ ДА ГО ВИДИ ТЕЛОТО НА АЛЕКСАНДАР,НИТУ ПАК ДА ПРОЧИТА ТОА ШТО Е НАПИШАНO.” (Дио Касиј,Историја на Рим,76,13).

-Во 1979 година светски познатата јасновитка баба Ванѓа изјавува дека “КАМЕН САРКОФАГ ВО КОЈ БИЛА СОКРИЕНА ТАЈНА ПИСМЕНОСТ.”Кришум од Египет бил донесен со помош на робови и камили во “НАШИТЕ ЗЕМЈИ” и дека во него биле содржани тајни кои се непоимливи за денешните генерации (Красимира Стојанова:Ванѓа,Софија,1989).

-Во 1989 година пратеник од Ватикан го посетува југословенското раководство и веројатно им донесува тајни записи од Ватиканската библиотека…Недолго потоа единици на Ј.Н.А. блокираат дел од планината Беласица…Истата година,од грчка страна,направен е таен обид да се пробие тунел под Беласица од нивната страна на границата…Притоа осум грчки работници загинуваат и проектот е прекинат…(Извор:Tајни досиеја на Југословенската служба на Државна безбедност).

Дали во Македонија кришум е донесено телото на Александар Велики Македонски?

* Разговор со Александар Донски по повод неговата најнова книга, историскиот трилер под наслов “Тајната на Бакарната книга”

O: Господине Донски, Вашата најнова книга веќе предизвикува голем интерес среде македонската јавност. Некои веќе ја нарекуваат како македонска варијанта на “Кодот на Да Винчи”. Дали е вистина тоа што е напишано во неа?

Александар Донски: Романот “Тајната на Бакарната книга” не е историска книга. Тоа е трилер, мистерија, чија содржина е заснована врз автентични историски податоци. Оставам на самите читатели да заклучат што е вистина во нејзината содржина.

O: Кои историски настани се основа на Вашиот роман?

Александар Донски: Најнапред овде е таинствената Бакарна книга, која и навистина постои и денес се чува во една приватна колекција. На нејзините страници се среќаваат неверојатни податоци, иако најголем дел од содржината се уште не може да се одгатне…

O: На пример?

Александар Донски: На пример, на едно место во оваа Бакарна книга дословно пишува: “Антику Александро Басилео Бенедикту Богатство”, што значи: “Богатството на благословениот антички цар Александар”. Има и други тајни знаци, зборови и цртежи, кои асоцираат на тајни пораки и мапи од кои може да се претпостави дека и навистина се работи за некоја огромна тајна, сокриена во нашата држава.

O: Кои се другите историски податоци? Во романот се се врти околу претпоставките за скришното донесување на телото на Алекандар Македонски во нашата земја, заедно со некакви тајни записи. Врз основа на што го тврдите тоа?

Александар Донски: Јас ништо не тврдам. Само пренесувам познати историски податоци, а заклучокот го оставам на самите читатели. Да почнеме со сведоштвото на римскиот историчар Дио Касиј, кој во своето дело “Историја на Рим” јасно запишал дека римскиот цар Септимиј Север во 2 век, наредил телото на Александар Македонски (кое дотогаш се наоѓало во Александрија) да биде сокриено од јавноста, заедно со (цитат): “книгите што содржеле тајни знаења со цел никој во иднина да не може да го види телото на Александар, ниту пак да го прочита тоа што е напишано”. Каде било потоа однесено телото, до денес не се знае. Но, постојат неколку фрапантни податоци. На пример, во 1979 година светски познатата јасновитка баба Ванѓа, по една своја визија, изјавува дека од Египет во (како што вели таа) “нашите земји” кришум било донесено телото на некој голем цар. Било носено во камен ковчег со караван од камили во придружба на робови. Во ковчегот биле сокриени тајни пораки пишувани со непознато писмо во кои биле опишани минатото и иднината на човештвото. Баба Ванѓа тврди дека ковчегот, заедно со тајните исписи, кришум бил закопан на непознато место, а потоа робовите сите до еден биле убиени за да нема сведоци на тој настан. Ова нејзино сведоштво е објавено во книгата за неа, напишана од нејзината внука, која е преведена и на македонски. Да потсетам дека баба Ванѓа беше родена струмичанка, а за нејзината докажана моќ за претскажување нема потреба од дополнителни објаснувања.

O: Постојат ли други интересни податоци?

Александар Донски: Да. Нашата јавност не знае дека во 1989 година пратеник на Ватикан ја посетил Југославија и одржал таен состанок со дел од тогашниот политички врв на земјата. Недолго потоа, единиците на ЈНА стационирани во Македонија, извршиле блокада на дел од планината Беласица. Дали тоа било поврзано со податоци донесени од Ватиканската библиотека, тоа само можеме да претпоставуваме. Истата година тогашните југословенски разузнавачи известиле дека од страна на Грците бил направен обид кришум да се ископа тунел под Беласица од нивната страна на границата. Осум грчки работници загинале за време на копањето, по што проектот бил прекинат. Сите овие податоци ми ги кажа неодамнешен висок функционер во МВР, сериозен човек, кој имал пристап кон тајните документи на поранешната југословенска служба за разузнавање.

O: И која е вистината?

Александар Донски: Вистината можеби може да се открие само преку Бакарната книга, која мислам дека нашата држава треба под итно да ја откупи од нејзиниот сопственик,кој е поддготвен да ја понуди на продажба. Ако испадне така како што укажуваат многу индиции, тоа може да биде најголемиот настан во поновата историја на Македонија, па и пошироко.

O: Во романот еден од главните ликови е капетанот Ангел Ивановски. Дали е тој вистинска личност? Дали навистина во неговото семејство се крие Бакарната книга?

Александар Донски: Се разбира дека е, но починат е уште во 1983 година. Во романот се објавени документи за неговото апсење и престој на Голи Оток, како и фотографија од него. Со неговиот син Славе Ивановски сме другари уште од гимназиски денови. Тој и го спонзорираше овој роман. За сопственоста на Бакарната книга не можам да кажам ништо повеќе. Ако е “паметна” државата ќе ја откупи и ќе ја претстави пред светот како археолошка реликвија со непроценлива вредност, а можееби нејзината содржина ќе доведе до неверојатни откритија.

O: Што понатаму со романот?

Александар Донски: Романот веќе се преведува на англиски и цел е негово пошироко презентирање во светот, а можеби и снимање филм. Впрочем, обата рецензенти: д-р Марија Кукубајска и д-р Мајкл Серафинов се од САД, па ќе видиме што ќе испадне.

 

Leave a Reply