Sunday, 22 October 2017

Баба Ванѓа и Александар Македонски

Во 1979 година баба Ванѓа, по една своја визија, изјавува дека од Египет во (како што вели таа) “нашите земји” кришум било донесено телото на некој голем цар. Било носено во камен ковчег со караван од камили во придружба на робови. Во ковчегот биле сокриени тајни пораки пишувани со непознато писмо во кои биле опишани минатото и иднината на човештвото. Баба Ванѓа тврди дека ковчегот, заедно со тајните исписи, кришум бил закопан на непознато место, а потоа робовите сите до еден биле убиени за да нема сведоци на тој настан. Ова нејзино сведоштво е објавено во книгата за неа, напишана од нејзината внука, која е преведена и на македонски.