Saturday, 20 October 3088

Александар и Букефал се родиле во исти ден

Коњите на познатите јунаци многу често имаат волшебни физички особини и способности. Според некои македонски преданија, Букефал бил токму таков – чудесен, со фантастични физички белези. Александар го добил под навидум чудни околности. Букефал се ождребил на истиот ден кога се родил Александар.

Коњот му е бележито,

нозе има до ушите,

крила има до плешките.

Расли ми, салам порасли,

станали са два јунака.

извор – Македонска Народна Митологија од Танас Вражиновски