Tuesday, 21 November 2017

Сексуалната сила – услов за живот на Земјата

Додека во човекот дејствува таа сила, на него му се живее на оваа земја, но кога ќе го напушти, со него си оди и желбата за живот и тој започнува да мисли за смртта. Притисоците во потсвесното се трупаат и доаѓа моментот кога стихиите носат сè. Сексуалната сила ги влече луѓето кон земјата. Непознавањето на човечката природа води до катастрофи. Не треба да ги блокирате вашите енергии, препуштајте системи од канали по кои што тие енергии ќе течат и ќе ја напојуваат вашата почва. Човекот или дава предност на разврат или наполно одрекува голем дел од самата негова природа. Не сум сигурен дека моите зборови се убедување за вас. Можеби по некое време, кога разберете дека имам решение за многу проблеми, ќе се согласите со мене. Решение кое што никој досега го нема пронајдено, бидејќи не се дрзнал да побара или пак не е успеал да ги обедини тие две области на човечката дејност…

Погледнете го малото дете! Уште едвај родено, тоа мисли само за тоа како да се вклопчи поздраво за земјата и се вкопчува толку добро, што оди на четири нозе. Сè што гледа сака и да допре, да вкуси…Но еден ден после ден детето расте и неусетно доаѓа времето кога во него се буди срцето. Почнува да се занесува по спротивниот пол, се интересира сè додека еден ден не се вљуби. Тогаш доаѓа желбата за семејно огниште, како и намерата да ја насели земјата со свое потомство (да го замае светот со производството си). Многу подоцна, кога силите веќе станале прав, човекот разбира дека остарел без да го оствари сè она што посакувал. Тогаш во него настапува промена. Земните грижи го засегаат сè помалку и тој започнува да мисли сè повеќе за другиот свет. Тој, кој што до скоро мислел само за јадење и пиење, за правење на деца и за трупање на богатства (ко да никогаш нема да ја напушти земјава) се преобразува во безличен, студен, уморен старец, готов да изостави сè и да се пресели онаму. Што се случило со него? Многу просто! Во основата на таа промена лежи ослабувањето на неговите сексуални инстинкти и јас ќе ви објаснам како сексуалната сила ја определува философијата на човечкиот род.

 

La force sexuelle ou le Dragon aile