Tuesday, 26 September 7380

Пентаграми на средновековни прстени

Постојат повеќе средновековни прстени, кои воедно претставуваат затворена формална целина декорирана со пентаграм. Прстенот како предмет е на исклучителен начин поврзан со својот носител и оттаму произлегува и интимноста на неговата симболичност. Иако прстенот може да се третира и како обичен моден детал, треба да се има предвид фактот дека модата во  оние времиња често била продукт потребите и уверувањата, па оттаму и поттикнувач на верувањата. Прекриен со христијански обележја, средновековниот накит во себе зачувал многу од архаичните и магиски својства, изразени преку облиците, материјалите и орнаментиката, и во голема мера ја зачувал прастарата амулетска улога да штити од зло, од подрекливи очи, а спротивно на тоа да го приблече доброто. Од друга страна прстените во средновековието имале и инсигниски карактер, како показател за припадност кон некоја институција или заедница, или ги афирмирале религиозниите чувств а на носителот. На нашата територија се евидентирани неколку примероци на прстени со изгравиран пентаграм, петтоаголник…