Monday, 26 June 2017

Обраќање на Големиот Мајстор на РГЛМ

Длабоко негде внатре во себе, копајки за да го пронајдеме сопственото битие, ќе ги погледнеме основните вредности врз кои почиваме Ние – човештвото.

Масонеријата е само уште една можност со чија помош луѓето повеќе од 6.000 години пробуваат да се подобрат себе, да ја пронајдат патеката што ги уредува нашите животи.

Да се биде Масон пред се значи да се обликуваме ние во своето несовршенство кон нешто за кое што сите потајно стремиме.

Да се биде Масон е обврска и гордост.

Кога гордоста ќе ја надвладее обврската, тогаш Масонот ја губи својата патека и влегува во води кои што сигурно не ги посакува на самиот почеток. Гордоста е таа која ги замаглува основите врз основа на која почива целото човештво и учењето:

Како секој од нас да стане подобар човек.

Да се чекори во едно вакво братство е како да чекорите заедно со целото семејство каде што се радувате на успесите и тагувате за неоствареното.

Повеќе од 6.000 години цврсто чекори масонеријата, а ние луѓето нејзините следбеници, само се менуваме и пробуваме да помогнеме заедно со целото општество да стигнеме до барем малку посодржајна суштина на нашето битисување низ вековите.

Голем Мајстор на Регуларната Голема Ложа на Македонија

превземено од www.rglm.mk

Можеби ќе Ве интересира – Обраќање на Големиот Мајстор на Големата Ложа на Македонија