Sunday, 25 June 2017

Ексклузивно интервју со проф. д-р Аристотел Тентов

Здраво живо професоре. Ви благодариме за овозможената прилика за интервју.

aristotel tentov
Што всушност значи здраво живо?

Здраво, живо – ова е древен македонски поздрав, најзначајното – здравјето и животот, врзан со двете врховни божества на древните Македонци. Едното е врховно божество поврзано со здравјето, а второто божество е врзано со исто значајното – животот. Здравјето е врховно божество на еден дел од Македонија, додека животот е врховно божество во другиот дел на Македонија.

Колку е старо ова писмо?

Древно Македонското писмо е доста старо – најмалку неколку илјади години.

Колку записи имате дешифрирано до сега?

Ги имаме дешифрирано сите декрети напишани од Птоломеите, од Птоломеј II до Птоломеј VII. Досга успеавме да прочитаме околу 500 древномакедонски изрази и поими што се доста слични со денешните македонски поими.

Каде можеме да читаме за Вашите дешифрирања?

Веќе имаме објавено книга под наслов Старомакедонски слогар во која ги имаме објаснето и дешифрирано сите досега познати зборви од древномакедонскиот говор. Оваа книга е издадена во 2012 години под издание на МАНУ.

Дали официјалната македонска археологија и историчарите соработуваат со Вас, и од каде доаѓа целото негирање на Вашиот труд? Каде се гробниците на македонските
владетели?

Засега таканаречената официјална македонска археологија едноставно ја негира нашата работа. Но, имаме многу силна поддршка од колегите во Египет, кои се сложија писмото на кое работиме да го наречеме со името древно – македонско писмо без никаква забелешка од нивна страна. Гробниците на македонските владетели се лоцирани во Македонија и тоа на територијата на денешна Република Македонија.

Какви сличности пронајдовте помеѓу писмото на древните Македонци и денешниот македонски говор, пишување, обраќање и именување?

Наоѓаме очигледни сличности помеѓу двата јазика.

Дали заинтересираните Македонци можат да го учат овој стар начин на пишување?

Секако дека можат да го научат.

Минатата година учествувавте во архео-акустични истражувања на геоглифот во Овче Поле. Официјалната археологија упорно тврди дека тоа место е обликувано од воени ровови. Како Вие го толкувате мистичниот геоглиф?

Да, геоглифот има точно опрелено значење според древниот македонски јазик и писмо.

Дали пронајдовте досега недешифрирани записи за Александар Македонски?

Да, постојат повеќе такви записи.

Што би порачале на македонскиот народ во овој бурен период?

Македонскиот народ треба да го почитува, чува и заштитува она што долг период го создавал. За тоа сведочи почитувањето на Големата Мајка и на врховниот бог Ѕе, кои се составен дел на старомакедонската митологија.

Интервју ЛОЗА 2015

Прашања – Никола Ристевски

Би можело да Ве интересира:

Професорот Аристотел Тентов за геоглифот во Овче Поле (видео)

Зборови и изрази од Каменот од Розета (pdf)

Македонија и Египет (2012)

Големиот македонски геоглиф (видео од авион)

Резултати од мерењата на геоглифот во Овче Поле

Градиштето кај Кнежје (видео од авион)