Југословенскиот таен вселенски центар

Тито го изградил најголемиот таен подземен вселенски центар во Европа во воената база Жељава, под конспиративното име „Објект 505“.

Таа информација ја открива документарниот филм „Хјустон, ви хев а проблем“ на словенечкиот режисер Жига Вирец, кој обработува „една од најголемите тајни на вселенската трка на Студената војна – југословенската вселенска програма“.

„Југословените остварија брз напредок базиран на тајните белешки на пионерот во таа област Херман Поточник, по Втората светска војна. Техничките решенија опишани во необјавените дела на Поточник биле засновани на тајната вселенска програма од 1948, по Титовиот конфликт со Сталин“, се вели во трејлерот на документарецот.

Кон крајот на 1960, ЦИА наводно открива дека СФРЈ веќе има оперативна технологија за лет во вселената, а во март 1961 СФРЈ целокупната програма им ја продала на Соединетите Американски Држави. Во мај 1961 американскиот претседател Кенеди објавува дека САД планираат пат на Месечината.

Во документарниот филм се „открива дека Тито го изградил најголемиот таен вселенски центар во Европа во воената база Жељава“, под конспиративно име „Објект 505“.

 

Leave a Reply