Monday, 21 August 2017

Ѕе у сè – Ѕеус, оној кој гледа сè

Ѕ е уникатна буква во македонската лингвистика и неа ја нема на друго место во светот. Често се употребува во македонската варијанта за античкиот бог Зевс, односно Ѕеус. Многу е интересно кога името на овој бог го толкувате користејќи ја оваа буква.

Ѕе – стандарден извик кога си играте со мали деца и им се криете, на пример зад перде и ги ѕиркате низ отвор.

Ус – наставка која заедно со ис и ос Грците ги пикаат секаде, но се чини дека потекнуваат од словенската лингвистика. Ус потекнува од ус-та и обично се употребува кога се опишува некаков тесен процеп во кој се влегува или низ кој се поминува. Устата е токму тоа. Зборот мореус е типичен пример, кој го означува буквално истото. Ус или устие на река (утока) исто така го содржи ус. Геометриското тело конус има точен опис само на нашиот јазик, кон  – кон точката на конвергенција и ус – односно, кон потесно.

Како тоа античките грчки математичари користат словенски термини, и тоа пред доаѓањето на Словените на Балканот?

https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.net/hphotos-xpa1/v/t1.0-9/r270/1383183_602889983085897_1111616170_n.jpg?oh=14ffe646e7d16f25de606f190f9d7fef&oe=5603D178

Наставката ис исто така е честа кај Грците, а ние ја употребуваме како префикс кога опишуваме состојба на истекување, потоа искачување и извор (з и с се едначат по звучност). Па така, според оваа логика името на Ѕеус лесно се толкува како Ѕе – ѕирка и ус – процеп, односно Оној кој ѕирка, гледа низ процеп во Сè

од Розата од вода