Monday, 25 September 2017

Сферите во кои истовремено постоиме

Целиот свет, универзум, вклучувајќи не и нас луѓето кои сме негова лика и прилика постоиме и функционираме истовремено во три сфери, нивои, степени,полиња, планови на постоење.

Кај древните народи и цивилизации овие сфери на постоење биле познати како свето тројство, и го претставувале устројството, поредокот на светот. Речиси да нема народ, цивилизација на планетава кај кој што не се споменуваат овие три сфери на постоењето. Сигурно би завземало повеќе простор ако ги објаснувам и наведувам сите. Бидејки во овој текст не ми е тоа целта ќе се задржам само на моето набљудување и видување на овие три сфери. До нив дојдов барајќи ги одговорите на прашањата: што е целина, потполност? Што би требало да содржи таа за да навистина биде целина, потполност, од кои делови се состои и т.н. Открив дека за нешто да биде цело, односно потполно, во себе треба за со-држи елементи или делови на постојаност и спротивност. Значи во целината се содржи постојаност а во постојаноста спротивност и тоа е тоа. Повторно модерно, откривање на една стара древна вистина. Овие согледувања имаа големо влијание на моето видување на светот на неговото постоење и функционирање. Се чудев како нешто толку едноставно е скриено пред нашите очи, но изгледа сферата на спротивности има хипнотичка моќ, зошто игрите на спротивности и опстанок ни одземаат најголем дел од вниманието и енергијата, така што не сме свесни за преостанатите сфери на постоење. Затоа да ги објаснам трите сфери или планови на истовремено постоење.

 

Првата сфера во која што постоиме истовремено ја нарекуваме: надворешна, физичка, површинска, сфера на спротивности, двојности, поларитети, објективна, надворешна свест и т.н. Неа ја доживуваме како одвоена од нас самите иако со нашето тело и телесна свест, сме присатни во неа. Во надворешната сфера на постоење важат физички закони и принципи. Тоа се законите на причината и последицата, законите за зачувување и менување на облиците и можностите и т.н. Надворешната сфера или сфера на спротивности се наоѓа во три агрегатни состојби и тоа: цврста, течна, и гасовита.

Втората сфера во која што постоиме истовремено  и во која се наоѓа првата сфера ја нарекуваме: внатрешна, плазматична, сфера на постојаност, континиитет, континиум, субјективна, внатрешна свест и т.н. Најчесто неа ја сметаме за тоа кога велиме јас иако тоа не е навистина тоа. Тоа е сфера на бесконечности и на бесконечни точки на постоење. Внатрешната сфера на постојаност се наоѓа во состојба на плазма или плазмена матрица скратено наречена плазматика. Во неа постоиме со нашите содржини на свесност и процеси на спознавање. Во оваа сфера важат законите на постојаноста (почеток, траење, престанок односно претворање).

Третата сфера во која што постоиме истовремено и во која што внатре се наоѓаат сферите на постојаност и спротивност ја нарекуваме: целина, потполност, апсолут, тотал, универзум и т.н. Тоа е сфера на единство, совршенство, еминисценција и поврзаност со се, сфера на поле на нашата самосвест.

Значи целината, обемот на нашето постоење не е таков каков што ние навидум го забележуваме и  доживуваме. Поголемиот број на луѓе се свесни за своето постоење на надворешно, физичко ниво, но не се свесни за своето истовремено постоење и на внатрешно и потполно ниво. Нивната еволуција е ограничена само на тоа ниво. Тие се трудат да се развијат на надворешно, физичко ниво. Најчесто се занимаваат со физички тренинзи на своето тело. Тие се прилагодуваат и снаоѓаат на свој сопствен начин со последиците од законите на спротивности. Чувствуваат дека живеат во граблив свет и се помируваат со тоа. Нивна цел е да грабнат што повеќе од физичките богатства. Превземаат улоги на жртви, грабливки, судии и т.н. Таквиот живот наликува на живот во урбана џунгла. Во неа постои закони на посилниот, на господарот, судијата и т.н. Менувањето на тие закони по насилен пат се нарекувало револуција и завршувало секогаш со насилство и репресија. Затоа луѓето мигрирале, се селектирале, мутирале се со цел да најдат слобода, оаза на мир, спокојство, катче за себе. Тие ги откриле сите континенти и острови на планетава но внатрешните светови, вредности, богатства, скапоцености слободи не ги откриле.

Во надворешната сфера, свет се е изградено така како што е. Тој свет е урбана џунгла. Можеме малку да изградиме во урбана џунгла. Можеби некоја мала оаза. Но во внатрешната сфера, свет во нашата внатрершност-свест ние сме творци на сите параметри, структури, бариери, ограничувања, потреби, права и слободи. Во внатрешниот свет се е онака како што ние ќе оставиме и создадеме. Ако создадеме градина, цвеќе, убавини и ако ги негуваме тие ќе бидат таму. Се додека градината ја полеваме со вода, свест и се грижиме за дрвјата, растенијата, луѓето тие ќе живеат, ќе бидат таму и ќе даваат плодови. Реките во внатрешниот свет ќе бидат полни со риба и со чиста и свежа вода. Ако создадеме пустини и други планети и тие ке бидат таму. Навистина ви велам во внатрешниот свет се е онака како што ќе создадеме. Што ќе создадеш тоа ќе најдеш. Ако ништо не создадеш коров ќе израсне. Дали внатрешниот свет постои ако не се создаде е исто како да се  прашаме дали во надворешниот свет постои нашата куќа ако не ја изградиме. Постои плац, земјиште и куќа само ако ние ги изградиме. Во внатрешниот свет се е оставено на нас па дури и самото постоење на тој свет.

Внатрешниот свет, сфера е местото на внатрешното креирање, создавање и слобода. На оваа планета наречена Земја творците наречени луѓе можат да бидат слободни само во својот внатрешен свет. Внатрешната слобода е слобода од сите ограничувања и бариери во човековата свест. Тоа не значи да се немаат потреби. Тоа не се аскетизам, издвоеност и херметизам. Внатрешната слобода значи дека човекот конечно ја разбрал севкупната шема/матрица/ која што го заробува и наместо да се предаде и да продолжи да ги сонува своите ограничени соништа тој станува нејзин свесен господар и творец. За да ја оствари, реализира таа цел треба да стане свесен и за третата сфера, во која што постои. Тоа е сферата на совршенството, изворот на свеста и светот. Со спознанието за нашето истовремено постоење во трите сфери стекнуваме знаење за тоа кои и што сме, како функционираме, како изгледа затворот, но и кај се наоѓа слободата. Една од дефинициите на просветленост е дека тоа е процес при кој субјектот и објектот се слеани целосно во едно, единствено, цело. Кога внатрешната, телесна  и надворешната, површинска свест и спознајни процеси ке се спојат во целина стануваме свесни за третата сфера на истовремено постоење и тоа го нарекуваме просветление…

На врвот од знаењето се наоѓаат бесмртноста и слободата на дното од незнаењето се ропството и смртта.    

Модифициран извадок од книгата:” Плазматика прирачник за креатори”.