Скопски мразачи

Некои од овие критичари на културно-општествените феномени се веќе одамна препознаени од цивилизираните кругови како жестоки борци против оние кои не им се допаѓаат, а тоа се главно членовите и симпатизерите на противничкиот политички табор. Некои, пак, ненадејно се појавија на сцената со целата своја интелектуална и креативна импотентност, но со една стравотна простачка и злобна реторика, па изгледаат како исфрлени од анусот на самиот Велзевул.

Ете, такви се главно скопските мразачи, потиснати и фрустрирани од неумоливиот диктат на времето во однос на политичкиот дискурс.

Но, тие не се срамат од својата инфериорна позиција, за која самите се виновни, напротив, тие се хранат со нивниот пад, неуспех и неспособност. Имено, подлажани и потплатени од нивните партиски шефови, еве ви ги овие дегенерици како повторно благонадежно истрчуваат на јавната сцена, спремни да зададат уште некој низок удар, уште некоја пцовка и простаклак да фрлат кон омразените, наводно личности корумпирани од власта, повторно да загнасат некого со силата на своите вулгарности, со немирот на своите неисполнети амбиции, со сета своја стрв по доминација. А ете, времето ги прегази и ги претвори во повеќе гротескни отколку смешни кловнови.

Тешко ќе биде да се излижат сите нивни гнасотилаци кога ќе дојде време за тоа, во моментите на нивниот ултимативен интелектуален, креативен и морален дебакл. Но, тие се веќе толку озлобени, што се потполно неспособни да ја согледаат реалноста, па продолжуваат со својата идиотска деструкција. Овие грди во душата несреќници, сакаат да ја расеат својата фрустрација насекаде, да го означат когнитивниот простор и личностите што гравитираат кон него со своите гнасни мисловни активности, за кои не можете да кажете дали се повеќе глупави или злобни. Лагите и клеветите – зафати типични за најинфериорните ентитети во културните зони, се нивниот, веќе до баналност користен арсенал на досетки. Човек просто да се срами што ги познавал или што споделувал исти собитија со нив.

Во некои моменти на човека му доаѓа некакво сожалување над бедата во која тие се наоѓаат, во тоа потполно фијаско на нивниот човечки интегритет, но во следниот момент ќе ве расколебаат со нивната стравотна и непомирлива омраза, достојна на манијакални убијци. Тогаш сфаќате дека е тешко да бидете совршен и трпелив и да простувате по која било цена, во име на една возвишена вистина и стварност. Тие напаѓаат дури и кога се обидувате да ги извлечете од живата кал во која се наоѓаат. Тие гризат со своите песјаци, клоцаат и удираат со своите копита, бодат со своите рогови, а омразата бабри во нив. На крајот сето тоа еруптира во дијареја од простачка скрибоманија.

Овие амбициозни и самопромовирани несреќници ги има во огромен број. Секој човек е уметник, критичар или мислител, но ова? Ова се легионите на нечастивиот, организирани во гнасна војска од експозитурите на човекомрзецот. Ајде во напад, Ајвани! Покажете го ѕверот што го носите во себе. Вашиот час дојде! Вашиот момент на експресија на демаскирање. Вашата ситна и одвратна омраза, вашата огромна алчност и уште поголемиот егоизам.

Сепак, од овој легион скопски мразачи ќе издвојам два екстрема. Едниот е бесен и борбен, но надарен со екстраординарна интелигенција и големи, респектабилни интелектуални потенцијали и знаења. Неговата критика колку и да е тенденциозна, има своја естетика и како таква станува валидна литература во сферите на критиката и полемиката. Таква е парадигмата воспоставена од страна на најсупериорниот „интелект“ од опозициски координираниот невладин сектор. Во овој случај, културниот рафинман ги оправдува неетичките средства. Но, постои и еден друг вид мразачи, еден интелектуално немоќен, но крајно острвен вид, вид без култура и знаење, тип кој топлел административни фотелји и крадел државни пари, вид гнасен во душата и инфериорен во духот, а вообразен и самољубив како мисир на буниште. Од овој тип не можете ништо друго да добиете освен неподносливо гадење.

Leave a Reply