Saturday, 20 October 9077

Македонски тајни братства и масони во Србија

Тајните братства во кои членувале Македонци и други емигранти од Македонија им носат врвни позиции и во српската извршна власт и српското општество.
Премиерот на Србија – Генералот Цинцар Марковиќ по потекло е од с. Белица – Охридско и ќе има интересен уддел во македонското револуционерно дело помагано од Белград и тајните македонски братства во Србија.


Поради македонското потекло Димитрија Цинцар Марковиќ се инволвира во „македонската борба“ заради што и загинува во атентат токму од  незадоволните Срби

Васо Јованов(иќ) – млад белградски адвокат,со гордост го истакнувал своето македонско потекло зарaди и што го викаат и “Васо Македонац”. Тој е член на Масонската ложа во Белград именувана како “Ложа на побратимството”. Еден е од најактивните во вооружувањето и помагањето на комитски акции по Македонија.

Лука Ѓелов(иќ) угледен граѓанин на Белград и член на истоимената масонска ложа. Дел од тајните средби на братството се оддржувале токму во неговата куќа.

Стефан Недев – Ѓело од с. Стругово-Битолско, член на истата масонска ложа во Белград. Неговата сестра пак e во Букурешката ложа, каде поседува фурни со производство на леб и други пекарски производи. Стефан ги работи теренските активности во Македонија, се среќава со Јордан Пиперката кој го организира македонскиот народ за конечно ослободување од турскиот јарем. Стефан му носи богати прилози од Македонските тајни братства но и ги тера да се заколнат дека правилно ќе се искористат истите односно “дека ќе се борат за засебноста на Македонија и нејзиниот народ”.


Јордан Пиперката помаган и од македонската емиграција во Белград со прилози и друга материјална помош преку Стефан Недев – Ѓело

Крсте Пашков, Македонец кујунџија сопственик на дуќан со раскошни излози во срцето на Белград. Ќе крене една од поголемите дипломатски прашини меѓу Белград, Цариград и Софија. Имено токму тој изработува 300 посребрени ознаки за комитски капи со лавови околу кои стои “Слобода или смрт“(различно од оние кои се прават во Бугарија со “Свобода..”).Ова го работи во дослух со Леринскиот војвода Стојан Донски. Од голем мерак ги изложил македонските комитски капи во својот убав излог така што веднаш било приметено од дипломатите кои протестирале до Белград. Работата ја заташкува лично Премиерот Марковиќ по потекло од с. Белица-Охридско, кој и самиот со симпатии гледал на овој чин.

Стојан, Македонец од Скопје (повеќе за ова лице не дава податоци авторот) е исто така член на оваа тајна ложа во Белград

“Црн коњ” е името на кафеаната во која најчесто се оддржуваат тајните средби од братствата во кои членуваат Македонците-емигранти во Србија.Авторот кој ги опишува овие настани Станислав Краков во делото “Пламен четништва”, Белград 1930 год.[ “Штампарија и цинкографија Време” – Поенкареова 4-б(о)], вели дека тука средба имала дури и целата чета на Стојан Донски со тајното братство.

На оваа средба Србин бил само касапинот од кафеаната кој и не бил вмешан во разговорите но ја опслужувал тајната средба и уште еден познат масон Србин, останатите сите биле Македонци.Познатиот Србин не е било кој но Гоѓевац кој користејќи ја позицијата на членство во собратска ложа настојувал Македонците да ги убеди за српска цел, зашто вака нивната борба им одела во корист на Бугарите.


Стојан Донски – Јас сум Македонец и се бијам за автономна Македонија

Од Стојан Донски добил јасен одговор кој и авторот чудејќи се го бележи: “Jас не се борам за Бугари. Јас сум Македонец и се бијам за автономна Македонија“.

Гоѓевац го чудела ваквата силина на македонската решителност и успешност во идејата та дури и нивни “српски кадри” привлекувала на своја страна. По ова сепак Гоѓевац се повлекол и не говорел за комитските врски во Македонија.

Иако авторот разбирливо настојува се да бојосува во српски бои (делото го пишува во 1930год.), сепак од цитатите и настаните јасно се гледа стремежот за засебната борба на македонскиот народ. Самиот автор во оваа книга се чуди на некаквиот македонизам (македонски нација) јасно изразуван уште и од 1907-1909 год. кај војводите од скопските села на пример.

(Извор – “Пламен четништва”, Станислав Краков, Белград 1930 год., “Штампарија и цинкографија Време” – Поенкареова 4-б(о))

ЗАКЛУЧОК:

Во масонските ложи сите тактизираат и играат од свои интереси кои во моментот им се поклопуваат.На Македонците им треба државно-институционална и финансиска поткрепа заради поуспешна ослободителна борба во Македонија а на Србите за евентуално идно подиректно вплеткување во распределба на османлиските балкански територии.

Затоа и си ги толерираат националните испади, ништо поинаква не е состојбата и во Бугарија каде иста таква (дури и побројна) македонска емиграција е вплеткана во масонските ложи но и институциите. Секој ги влече потезите но пред се од свој национален интерес.

Јадни се затоа “фактите” од српските и бугарските пропагандисти кога по пат на СЕЛЕКЦИЈА и ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ, обработуваат (а најчесто фалсификуваат и дотеруваат со полувистини и лаги) случки и изјави од поединци Македонци, кои живееле или престојувале во овие две земји (Србија и Бугарија)

извор – Македониум