Tuesday, 19 September 2017

Македонија, парите и историјата

Нумизматичката збирка при НБРМ е прва специјализирана збирка во Република Македонија, со околу 20 000 примероци на монети, медалји, ексагии и модерни банкноти. Самата збирка е поделена на повеќе целини, и тоа:

  • пајонски монети (монети на пајонските племенски заедници и на пајонските владетели);
  • грчки, тракиски, келтски и илирски монети (монети на грчките градови и колонии, тракиски, келтски и илирски монети);
  • македонски монети (монети на македонските градови и македонските владетели);
  • римски монети (римски републикански и империјални монети);
  • средновековни монети (византиски, бугарски, венецијански, српски монети и монети на независните феудалци во Македонија);
  • модерни монети и банкноти (турски, бугарски, српски, австриски, унгарски, германски, шпански и др.);
  • медалји (медалји и конторнијати);
  • ексагии.

Прочитајте ја публикацијата Македонија – парите и историјата на ЛОЗА (клик)