Friday, 20 October 3752

Македонија – место или состојба на свест?

Македонија не е место, таа е повеќе состојба на свест. И навистина, денес не можете да ја препознаете историска Македонија, таа е прекроена и скриена во пазувите на великодржавните интереси на бaлканските новокомпонирани микроимперии. Секако, сето тоа е направено по директива на големите сили.

Со која цел? Сигурно оваа делба не е направена случајно, без да бидат консултирани сите експерти на геополитиката од минатото. Делбата на Македонија е направена плански и консеквентно е спроведувана до ден-денешен. Причинитe се повеќедимензионални. Прво, тука е причината за спречување можна консолидација на Балканот и добивање геостратегиска конкуренција, која не и’ е потребна на ниту една голема сила. Факт е дека единствен народ од регионот кој создал гигантска држава – суперсила од минатото е токму македонскиот народ, а ако еднаш сте биле способни за таков „подвиг“, зошто да не се повтори тоа во сегашноста или иднината. Од ваквата можна состојба сигурно им се превртува утробата на светските геостратегиски дизајнери. Тие би сакале да го намалат бројот на конкурентите во владеењето со светот, а не да создаваат нови или подобро – старо-нови центри на моќ, со кои би ги конфронтирале своите, никогаш до крај задоволени интереси.

Понатаму, во овој процес на поништување на Македонија и македонскиот народ, пресудно е дисконектирањето на словенскиот океан од народи (најголемата антрополошка групација од белата раса) од својот историски корен, кој меѓу другото го содржи и постоењето на македонската империја, која на светската сцена го инаугурираше геостратегискиот концепт на Евроазија. Со ова, словенскиот свет е осиромашен за својот историско–културен капитал и сведен на збирштина од примитивни орди, кои постојано и’ се закануваат на европската цивилизација, иако токму овие народи се тие што први ја создадоа. Ова посебно се однесува на македонскиот народ, но кон оваа заслуга може да се придодадат и заслугите на повеќето балкански народи, кои имаат пелазгиско, илирско, тракиско, венетско или ако сакате, по најновата номенклатура – словенско потекло.

За дисконтинуитетот на Словените со Александровата империја да биде до крај консеквентен, Западот уште во почетокот на 19 век ја воведе фиктивната теорија за доселувањето на Јужните Словени од зад Карпатите во 6 век од новата ера. Оваа пропаганда се одвива паралелно со создавањето на грчката држава на територијата на Јужен Балкан, држава која нема никаков историски корен (за разлика од македонската во антиката или бугарската и српската во средниот век) и создавањето на квазиисторискиот поим – хеленизам, во кој е втурнато целото источно медитеранско културно наследство од стариот свет, се’ до појавата на Римската Империја.

Геостратегиските експерти во служба на кралот Ото, како Т. Дројзен, на пример, ја лансираат теоријата за доселувањето на Словените од зад Карпатите од чисто геополитички причини, иако нивните современици, палеолингвисти, како Лудвиг фон Пасоф, говорат за словенското (бригиско) потекло на „Илијада“ и „Одисеја“ од Хомер. За иронијата да биде поголема, знамето на грчката држава беше натурено од страна на една значајна британска компанија, која тргуваше со индиските колонии (ригите и крстот во аголот се идентични, со тоа што, наместо црвени, се обоени во сини). Тука го гледаме британското замешателство и поддршка, покрај она на Хабсбурговците. Но, и романтичните Французи, задоени со републиканските идеи за демократијата, сесрдно се придружија кон оваа антисловенска коалиција, правејќи виртуелни пантеони од старовековната хеленска демократија, уште од времето на доцниот класицизам, па се’ до периодот на Делакроа и другите романтичари. Во тоа време, Америка под силно влијание на европските идеи, не прави никакви проблеми околу овој непринципиелен консензус, со кој се фалсификува еден огромен и значаен дел од светската историја.

Па дури и Русија, во својата амбиција да биде третиот Рим, без значајни проблематизирања ја усвојува оваа небулозна заткарпатска теорија за преселувањето на Словените на Балканот и покрај целото културно наследство, преданијата и илјадници артефакти од древните времиња, кои го покажуваат токму спротивното, а тоа е фактот дека целиот тој источен простор на Европа е колонизиран од балканските Пелазги уште при крајот на старата ера, по римската окупација на Македонија и Балканот. Така, Украина етимолошки ги означува крајните источни граници на древните балкански Словени (У – крај, на крај), а самата Русија (Расија – како што ја нарекуваат самите Руси), всушност, е расејување, расеаност или на грчки (нашите браќа по пелазгиска линија), дијаспора.

Така, убиството на Македонија од страна на големите сили има јака мотивација во очите на вистинољубивата историја.