Македонија – клучот на светот

Буквите к и г во нашата лингвистика се едначат по звучност, односно Македон и Магедон можат да се однесуваат на иста работа. Интересен е и македонскиот збор мегдан кој означува место или ден во кој поединци или војски ќе се собереле за битка. Сличноста на имињата Македон и Магнет (лик од древната митологија во сродство со Македон) сугерира дека можеби денешниот Македон некогаш бил Магедон, што буквално значи створител или чудотворец, што е очигледно прастар монотеистички код. Од Магнет доаѓаат и поимите маг и магија, така делуваат и самите магнети, а и англискиот magnificient – чудесно, величествено, потсетува на преводот на Македонија како чудесна или величествена земја. Врската Македон – Магнет потврдува дека ова место е планетарен чуден атрактор или планетарна црква/чакра. Ѕвездата од Кутлеш не е ништо друго туку цртеж на крунската чакра од индиската/ведска езотерична традиција, која е превземена од Ариевците. Македонија е нарекувана центар на светот или папочна врвца. Стариот римски натпис Македониа катана мунди, односно Македонија клуч на светот, тоа и го потврдува.

од Розата од Вода

Leave a Reply