Sunday, 25 June 2017

Колку масонски ложи има во Република Македонија?

Освен Големата Ложа на Македонија (види www.glm.org.mk), во нашата држава постои и работи и Регуларната Голема Ложа на Македонија на стари, слободни и прифатени ѕидари. Сеуште немаме информација дали овие две големи ложи работат заедно, или можеби имаат несогласувања (вакви појави се среќаваат во скоро сите балкански земји, па и пошироко).

Ложите кои што се под Големата Ложа на Македонија (ГЛМ на ЛОЗА – клик) – Скопје, Единство, Бели мугри, Утринска ѕвезда (види – Масонските ложи во Република Македонија). На веб страницата на Регуларната Голема Ложа можеме да видиме дека под нејзина заштита се ложите Свети Наум Охридски, Старо Скопје и Јустинијан Велики (види www.rglm.mk).