Saturday, 20 October 9562

Кантарион – тревката на Свети Јован

Жолтите цветови на оваа чудесна билка се надалеку познати по лековитата моќ за лечење на опекотини и рани, но кантарионот наоѓа голема примена и при лечење на многу болести.

Поради  лековитата моќ го нарекуваат и Богородична тревка или Тревката на Свети Јован.

Името Богородична тревка го добил поради лековитата моќ за женските болести (неуредни менструации, воспаление на јајници и слично). Познат е и како моќен борец против депресија, бидејќи чајот од кантарион ги смирува нервите и делува антидепресивно. Истражувањата покажуваат дека кантарионот има и антивирусни својства, па е одличен лек за сезоните на грип.

Покажува добри резултати и при лечење на чир на желудникот и дванаесетпалечното црево.

Оваа чудесна билка ја има насекаде во природата. Цвета од мај до август, цветовите се собираат и сушат под сенка и служат за подготовка на чај и масло. Маслото од кантарион е многу лековито. Може да го подготвите дома и да го користите за рани и опекотини, а може и да се пие 1-2 лажички дневно за лекување на чир на желудникот.

Во стаклено шише или тегла ставете свежи цветови од кантарион и дополнете го шишето со маслиново масло. Оставете го на сонце 40 дена, повремено протресувајте ја теглата за да се измешаат цветовите. По истекот на 40-те дена исцедете го маслото и ставете го на темно и суво место.