Sunday, 20 October 3489

За Македонската Лоза и бугарската одмазда

Коста Шахов: Јас сам се нагрбив, – вели тој – кога си ги собирам своите вересии (за в. Македониа) низ провинцијата, да запишувам претплатници на Лоза и да собирам помошти за таа цел од сотатковинци и пријатели. Одвај бев стигнал во Варна, полицијата, по наредба од Софија, ме уапси и по 8 дена, под конвој, ме испрати во Луковит на поселение, без никакви причини и покрај изјавената желба да ме остават барем во Русе, каде што сум запишан во бројот на граѓаните. Цели три месеци бев во Луковит под строг полициски надзор, и со тоа Стамболов материјално и ги пресече нозете и на таа дружина.

Сето тоа подејствува шокантно во бугарската јавност и Стамболовата влада ги презеде сите средства за да се задуши тој национален сепаратизамм што реално и се закануваше на бугарската пропаганда во Македонија. За таа реакција на софиските власти илустративни се и зборовите на самиот Коста Шахов од 1895 година: Јас сам се нагрбив, – вели тој – кога си ги собирам своите вересии (за в. Македониаа) низ провинцијата, да запишувам претплатници на Лоза и да собирам помошти за таа цел од сотатковинци и пријатели. Одвај бев стигнал во Варна, полицијата, по наредба од Софија, ме уапси и по 8 дена, под конвој, ме испрати во Луковит на поселение, без никакви причини и покрај изјавената желба да ме остават барем во Русе, каде што сум запишан во бројот на граѓаните. Цели три месеци бев во Луковит под строг полициски надзор, и со тоа Стамболов материјално и ги пресече нозете и на таа дружина. Позаможните и мнозина чиновници, толку претенциозни сега, не само што не им се притекнаа на помош на тие млади луѓе, туку и подбивно се потсмевнуваа над нивната несреќа..

Тоа беше веќе сигнал за општа тревога во Бугарија. Уште скоро по појавата на првиот број на Лоза, на 18 февруари 1892 година официозот Свободаа јасно предупреди:
Луѓето овде имаат други цели – да создадат нов литературен македонски јазик… Следствено, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе литературен сепаратизам, којшто природно го влече по себе и политичкиот. А пак тој стремеж е достатен за да ги наречеме создателите на Младата македонска книжовна дружина предавници на народното бугарско дело..
Многу појасно Свободаа ги изрази своите сознанија за македонските цели кога сето тоа движење го постави во еден конзистентен историски контекст. Впрочем, – вели весникот на Стамболов – не за првпат меѓу Македонците се појавуваат ваков род политички и литературни флугери. Ако помнењето не не изневерило, г. К. Шапкаров едно време, уште на самиот почеток на преродбата на националната идеја кај Македонците, беше почнал да пишува книшки на македонското наречје. Неговиот план да создаде посебна македонска писменост пропадна, како што пропаѓа и секое неприродно дело, и настојувањата му се погребаа во архивите на вечноста…
Кај старите дејци – продолжува Свобода – што не учеле во бугарски училишта, ами во грчки, каде што црпеле само омраза против бугарското име, – кај таквите луѓе појавувањето на идејата за сепаратизам во нивните глави е појава снисходлива, строго не можеш да ја осудиш. А овие господа Шаховци што се групирале околу Лоза, – за нив што да мисли човек? Неодамна, пред 6-7 години. друг еден познат по политичките серсемлаци Македонец, прочуениот Гулапчев, и тој беше започнал да го проповеда сепаратизмот меѓу Македонците, и тој излезе со едно книжуле напишано на македонското наречје. Неговата милост, ако не се лажеме, ја почна оваа своја неславна дејност, како попосле и распространувањето на нихилизмот меѓу младите ученици, само затоа што го отпуштија од должноста учител во една од државните гимназии. Но и на Гулапчев човек може да му прости, како што му се проштава и на секое нетокму создание, на една лудетина. Ами за овие пријатели од Младата македонска книжовна дружина, за нив што да мислиме? Да се погледне на нив снисходливо – нема никаква основа, зашто нивната зла и пакосна намера многу остро бие в очи.

АНТИМАКЕДОНСКО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Во јавноста во Бугарија веќе се создаваше едно антимакедонско расположение. Печатот ја презеде главната улога во акцијата на стамболовштината. А Д. Т. Левов на страниците на в. Свободаа се обиде уште подетално да го разголии македонскиот национален сепаратизамм како најголема опасност за бугарштината во Македонијаа. Не само што се нафрли против правописната и јазичната реформа на лозаритее, туку направи и некои аналогии што не се неинтересни во светлината на подоцнешниот историски развиток: Русите – вели Левов – пишуваат на московското наречје, исто така недостапно за другите неписмени Руси и уште повеќе за Белорусите и Малорусите. Истата појава се забележува во Германија, Франција и во сите европски држави и особено во Белгија, каде што Фламанците не го разбираат францускиот, или Шкотите и Ирците – англискиот и Баварците – прускиот..
Денеска веќе поголемиот дел од наведените прашања го добија своето национално решение во тие земји. Но Левов жолчно станува против воведените македонизмии во јазикот на сп. Лозаа, па жолчно одбележува:
… ,Дружината’, раководена од туѓи на нашиот народ тенденции и фиџе-идеи, наместо да пишува веѓи – ги вади очите, дејствувајќи притоа наполно свесно и заради чисто егоистични и неморални идеи. Да се објасниме.. – вели Левов и продолжува:
Најпрвин нека ни биде дозволено да забележиме дека зборот Македонија е еден географски термин, дека во неа живеат Бугари, Турци, Грци, Куцовласи, Ерменци и Евреи; следствено, интересно е да знаеме кон која од горниве нации се смета ,Младата македонска книжовна дружина’. Од статијата ,Неколко белешки’ стр. 5 се гледа дека таа се вбројува ,кон денешниот преовладувачки словенски елемент’, дека името на тој словенски елемент е ,Македонци’, дека Македонија е нивната татковина, дека таа е одделно словенско господарство, чие минато е покриено со блесок и особено во времето на Филипа и Александра Велики, но при нивните наследници опаднало. Слични куриозни погледи се извинителни за ситните наши писарчиња што се родум од Македонија, зашто не е чудно ако тие не знаат дека Филип и Александар живееле 400 г. пред Христа, а Словените го населиле Балканскиот Полуостров одвај неколку века по раѓањето Христово. Меѓутоа, ние не можеме да ја простиме таквата заблуда и незнаење на историјата од страна на ,Младата дружина’; уште повеќе што тоа не е толку плод на незнаење и заблуда, колку резултат на морална поабеност и византиска лукавост…

ПОСЕБНО СЛОВЕНСКО ПЛЕМЕ

..Оваа македонска национална идеологија секогаш во Бугарија се настојуваше да се поврзува со некое надворешно влијание, најчесто со српско, турско и грчко, но неретко и со влијание од Русија. И Левов македонската национална свест ја поврзува со словенофилите во Русија што беа спротиставени на Стамболовата политика на Балканот, па вели:
Мислата дека во Македонија постои посебно словенско племе наречено ,македонско’ првпат се породи во Русија во 1887 г. во сферата на реакционерниот печат. Уште во 1886 г. Ив. С. Аксаков лично беше ни се обрнал кон нас со зборовите: ,Зошто вие не си го земете за литературен јазик своето македонско наречје што е побогато од бугарското и поблиско (?) до нашето. Тоа ќе не приближи и ќе не сврзе посилно’?! Колку повеќе односите помеѓу двете родствени влади стануваа понатегнати, толку поенергично се спроведуваше таа идеја од руските дипломати. За да се одмаздат Русите за неуспехот во Софија, тие почнаа да ни пакостат во Македонија, верувајќи дека таму ни е слабата жичка на којашто треба да се игра. Нелидов отпротестира за назначувањето на бугарските владици во Македонија, а Јастребов го испратија во Солун за да го поддржи србизмот на штета на бугаризмот, додека Словенското благотворно друштво ја измени бојата на својата етнографска карта!! Меѓутоа, руските дипломати не се ограничуваат на тоа, туку ги поддржуваат произволностите на солунскиот валија против Бугарите, убедувајќи ги Македонските Бугари дека Кнежевството било за Турција и против нив!!??
Поради сето тоа и Стамболовиот официоз во Софија Свободаа му пристапува со сета сериозност на актот на лозаритее – како израз на една мисла што преминува во национална акција и не случајно го определува како македонско движење”.

Блаже Ристовски, Вечер