Monday, 25 September 2017

“Големиот Архитект на Религијата”

Веројатно најконтроверзен е ставот дека и Исус Христос бил Масон правејќи алузија и нарекувајќи го Исус како “Голем Архитект на Религијата”, а Господ како “Голем Архитект на Универзумот.” Тука Исус е прикажан како “супериорен лидер и учител на моралот, етичноста и изгубените човекови вредности.” Според Алберт Пајк (“Morals and Dogma”) Исус е “Мајстор Градител”!

Некои теоретичари сметаат дека Масонеријата како и нејзиниот филозофски извор на ритуалните драмски дејствија и комплексниот симболизам, потекнуваат директно од “Масонските Култови” и “Мистериозните Учења” од антички времиња преку интригирачко блендирање на мистичните традиции на Кабала, мистична традиција на Јудеизмот и Херметика, учење на Египетската филозофија со сериозно Хеленистичко и Христијанско влијание, формулирано во вториот век.

Една од хипотезите е дека Масонеријата е всушност кодификација на Херметистичката/Кабалистичка традиција. Хермес Трисмегист (лат. Hermes Trismegistus) бил митски египетски мудрец кого го сметале за творец на сите мистични науки и татко на алхемијата или херметичката филозофија. Кабала (хебр. Kaballah) означува еврејско тајно религиозно и филозофско учење за толкување на таинствените знаци и спиритуалната комуникација.

Во ова наведување на некои различни теории околу корените на Масонеријата, треба да се забележи и следниов момент – заедничко на оние што ја напаѓаат Масонеријата е тоа што тие најчесто ја врзувале со Евреите, сметајќи дека тие се оние кои пресудно влијаеле на појавата на Масонеријата. Секако и ваквите тврдења тешко се докажуваат, но факт е дека насекаде каде се појавувало масонското Братство, живееле голем број Евреи. Дали е тоа заради нивното влијание врз слободоумните духови со желба за здружување или заради избегнувањето на гонењата и историските погроми врз Евреите, е прашање на кое тешко може да се даде вистински одговор.

од Масонски Мозаик