Sunday, 19 October 2662

NY Times за смртта на Гоце Делчев

Смртта на македонскиот водач, Грчки шпион го предаде Делчев на Турците – Њујорк Тајмс, 26 мај 1903

Дописникот на ‘Тајмс’ од Софија пренесува дека деталните извештаи за смртта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.
Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле убиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле убиени.
Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.
Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оружје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.

Macedonian Chief’s Death, A Greek Spy Betrayed Deltcheff’s Whereabouts to the Turks – The New York Times, May 26, 1903