Thursday, 21 September 2017

Древната Менада

Менада – женска придружничка и следбеничка на богот на виното Дионис.

Пронајдена е на археолошкиот локалитет улица Штипска во близина на Балезовата чешма во градот Тетово во далечната 1933 година.

Изработена е од бронза, висока е 9 см и широка 4 см.

Тетовската Менада е претставена и на македонската банкнота од 5000 денари.

Извор: Археолошки Музеј на Македонија