Saturday, 19 October 8193

Пржевалски

Ромуалд Пржевалски, Полјак роден во Белорусија, учесник во Илинденското востание –

Јас се решив да земам лично учество во македонското востание како четник доброволец. Моето решение е неотповикливо. Ќе се погрижам да послужам со сите сили на несреќна Македонија… Тука мене ми претстојуваше да ја преминам турската граница и да застанам во редовите на Македонските браќа кои така храбро се борат за слободата и елементарните човечки права. Кај нашите Македонски браќа се чувствува недостиг во се – и во луѓе и во материјални средства, во оружје и во медицинска помоѓ. Нека подадеме рака – помош на нашите храбри браќа, што гинат со стотици во тешката нерамна борба! Смрт веќе одамна се носи над нивните глави, нека дури со чекор да се приближи кон нив слободата!