Tuesday, 19 September 2017

Мрачното време на транзицијата – 1996

Оваа го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја вос­по­ста­ву­ва дип­ло­мат­ски од­но­си со Европ­ска­та уни­ја. Се отво­ри вес­ни­кот „Днев­ник“ и поч­на мо­бил­на­та те­ле­фо­ни­ја во Ма­ке­до­ни­ја. На праз­ни­кот Ус­пе­ние на Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца, во дво­рот на бе­ров­ска­та цр­ква „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ гром од­не­се 10 жи­во­ти, а 40 беа по­вре­де­ни. ЦИА, пак, по­твр­ди – „Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски не бил Грк“

Биз­нис-ин­те­ре­си, но и лич­ни ин­те­ре­си ја рас­ко­пу­ва­ат вла­де­јач­ка­та ко­а­ли­ци­ја. „Со­ју­зот за Ма­ке­до­ни­ја“ оста­ну­ва без Ли­бе­рал­на­та пар­ти­ја на Сто­јан Ан­дов. По при­сил­ната ре­кон­струк­ци­ја на вла­да­та во неа оста­ну­ва­ат СДСМ, со­ци­ја­ли­сти­те и ПДП. Ме­сто­то на Ан­дов во пар­ла­мен­тот го за­зе­де Ти­то Пе­тков­ски. Тој, пак, ќе оди­гра клуч­на уло­га да не рас­пи­ше ре­фе­рен­дум за пред­вре­ме­ни из­бо­ри под при­ти­сок на 220 ил­ја­ди собрани пот­пи­си.

Во пр­ва­та го­ди­на на па­за­рот на ме­ди­уми, при­ват­ни­от вес­ник „Днев­ник“ во март го пре­не­су­ва Ан­дов на пр­ва­та прес-кон­фе­рен­ци­ја како опо­зи­ци­о­не­р.

„Убе­де­ни сме де­ка на си­те ско­раш­ни ан­ке­ти на јав­но­то мне­ние про­из­ле­гу­ва де­ка но­во­ком­по­ни­ра­на­та гру­па­ци­ја што е на власт прет­ста­ву­ва ре­зул­тат на изи­гру­ва­ње на ре­зул­та­ти­те од пос­лед­ни­те из­бо­ри. Во Ма­ке­до­ни­ја се во­ве­ду­ва мож­но­ста по­ли­тич­ка­та кар­та да се соз­да­ва низ ин­три­ги кои вр­шат по­вре­да на су­ве­ре­ни­те­тот на гра­ѓа­ни­те“, ве­ли Ан­дов.

Ли­де­рот на Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја, Пе­тар Го­шев, парт­нер на ВМРО-ДПМНЕ, по­со­чу­ва де­ка Вла­да­та пра­ви ка­ри­ка­ту­ра од прав­ни­от си­стем.

„Вла­да­та е под­го­тве­на да на­пра­ви ви­стин­ска ка­ри­ка­ту­ра од прав­ни­от си­стем, со што се соз­да­ва­ат по­тен­ци­јал­ни из­во­ри за не­ста­бил­ност во др­жа­ва­та. Вла­ста е крај­но исп­ла­ше­на од соз­на­ни­е­то де­ка ак­ци­ја­та ќе ус­пее и де­ка тоа е по­че­ток на кра­јот на неј­зи­но­то не­до­вол­но ком­пе­тент­но и аро­гант­но вла­де­е­ње. Пет го­ди­ни не се до­не­се­ни кри­вич­ни­от за­кон, за­ко­нот за тр­гов­ски­те друш­тва, за­ко­ни­те за ца­рин­ски та­ри­фи, за­ко­ни­те за ос­тва­ру­ва­ње фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри и це­ла ни­за си­стем­ски за­ко­ни….“.

ВМРО-ДПМНЕ и ДП во март поч­наа со­би­ра­ње на 150 ил­ја­ди пот­пи­си за сви­ку­ва­ње ре­фе­рен­дум за пред­вре­ме­ни из­бо­ри. Со­бра­ни се над 220 ил­ја­ди пот­пи­си со под­др­шка за са­мо че­ти­ри де­на. Додека во Со­бра­ни­е­то се пребројуваат, пратениците ги ме­ну­ва устав­ни­те рам­ки, па Пе­тков­ски об­јас­ну­ва де­ка „гла­сот на на­ро­дот“ не е со­бран на на­чин кој га­ран­ти­ра ле­ги­ти­ми­тет, од­нос­но не би­ло спро­ве­де­но пот­пи­шу­ва­ње во рам­ки­те на ин­сти­ту­ци­и­те.

И годинава при­ва­ти­за­ци­ја­та на фирмите се спро­ве­ду­ва и без по­треб­ни­от ка­па­ци­тет. Осо­бе­но за ком­па­ни­и­те што се во сте­чај­на по­стап­ка. Шест сте­чај­ни управ­ни­ци раководеле 700 прет­при­ја­ти­ја, а еден сте­ча­ен су­ди­ја ди­ре­кто­ру­вал со 325 прет­при­ја­ти­ја.

Но­ви­те ме­на­џе­ри, пак, ги губат ста­ри­те па­за­ри, а за но­ви не станува збор. Се на­ма­лу­ва про­из­водс­тво­то, се от­пу­штаат ра­бот­ни­ци. Бро­јот на вра­бо­те­ни е во по­сто­јан пад, до­де­ка бро­јот на не­вра­бо­те­ни на­рас­нал за це­ли 7, 1 про­цен­ти, од­нос­но 229 ил­ја­ди.

Дел од еко­ном­ски­от и по­ли­тич­ки­от естаб­лиш­мент ус­пе­ва, под при­ти­сок, да го уки­не си­сте­мот за кон­тро­ла на при­ва­ти­за­ци­ја­та, од­нос­но Служ­ба­та за оп­штес­тве­но кни­го­водс­тво. Та­ка, пре­зе­ма­ње­то на ком­па­ни­и­те про­дол­жу­ва без над­зор и со огром­но доц­не­ње на уп­ла­ти­те за пре­зе­ме­ни­те ком­па­нии. Стран­ски­те ин­ве­сти­ции из­не­су­ва­ле мал­ку над 11 ми­ли­о­ни до­ла­ри, а за тоа вли­јае и не­при­ја­тел­ски­от став кон нив, ве­ли Љу­бе Тр­пе­ски, то­га­шен ви­це­пре­ми­ер.

Таа го­ди­на на го­ле­мо се збо­ру­ва­ше за про­е­ктот „Ау­ди“. Додека од него се очекува дека ќе ја сме­ни сли­ка­та на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја, но и си­гур­ност на по­ли­тич­ки план, во владата би­ло со­оп­ште­но де­ка „Ау­ди“ по­ста­ву­ва не­ве­ро­јат­но не­при­фат­ли­ви ус­ло­ви.

Кон кра­јот на го­ди­на­та поч­ну­ва да се ни­ша и пи­ра­ми­да­та од ште­дил­ни­ци­те. Вес­ни­ци­те пи­шу­ва­ат де­ка ште­да­чи­те на „Ал­фа С“ об­ви­ну­ва­ат „НБМ е со­у­чес­ник во гра­бе­жот на на­ши­те де­ви­зи!“ „НБМ це­ли шест ме­се­ци од пр­ва­та кон­тро­ла во ште­дил­ни­ца­та „Ал­фа С“, ко­ја на око­лу 1.000 ште­да­чи им укра­де 10 ми­ли­о­ни гер­ман­ски мар­ки, не пре­зе­ла ни­ка­кви мер­ки за спре­чу­ва­ње на по­на­та­мош­ни­те ду­би­о­зи“, об­ви­ну­ва­ат ште­да­чи­те.

За еко­ном­ска­та со­стој­ба во зем­ја­та го­во­рат и дел од на­пи­си­те во вес­ни­ци­те.

Мај – „Штрај­ку­ва­чи­те пред Вла­да­та ре­вол­ти­ра­ни: По­ли­ци­ја­та ни го рас­ту­ри ша­то­рот“
„Од Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство ба­ра­ме да дој­де ле­кар­ска еки­па ко­ја ќе ја кон­ста­ти­ра на­ша­та здрав­стве­на со­стој­ба би­деј­ќи си­те сме ре­ше­ни со штрај­кот со глад да из­др­жи­ме до крај“, ве­ли се­кре­та­рот на Уни­ја­та, Ата­нас Ле­фте­ров.

Ју­ли – „Гли­го­рие Го­гов­ски об­ви­ну­ва: Вла­да­та ќе ја уни­шти тек­стил­на­та ин­ду­стри­ја“
„Тра­гич­ни­те пос­ле­ди­ци од ма­ли­ци­оз­ни­те и не­струч­ни ре­ше­ни­ја што ги ну­дат пред­ла­га­чи­те на за­ко­нот за ца­рин­ски­те та­ри­фи на­бр­гу ќе ста­нат вид­ли­ви – за­тво­ре­ни по­го­ни, сте­чаи, от­пу­шта­ња од ра­бо­та, ма­со­вен ре­волт“, ве­ли ге­не­рал­ни­от ди­ре­ктор на „Те­текс“ – Те­то­во во пис­мо­то до Ти­то Пе­тков­ски и до Бран­ко Цр­вен­ков­ски.

Август – „Вра­бо­те­ни во ‘Ма­ке­до­ни­ја ту­рист’ го об­ви­ну­ва­ат ди­ре­кто­рот де­ка со ла­ги и уце­ни им ги со­брал си­те ак­ции“
„Не те­ра­ше да пот­пи­ше­ме де­ка ак­ци­и­те, кои вре­деа по 109 мар­ки, му ги про­да­ва­ме за по 10 мар­ки или де­ка му ги по­да­ру­ва­ме. Кој ќе се спро­тив­ста­ве­ше, бе­ше рас­по­ре­ду­ван на ‘каз­не­ни’ ра­бот­ни ме­ста“ .

Сеп­тем­ври – „Сло­бод­на тр­го­ви­ја: швер­це­ри­те ста­ну­ва­ат биз­нис­ме­ни?“
„Вла­да­та тре­ба мно­гу да раз­мис­ли ко­га склу­чу­ва до­го­во­ри за сло­бод­на тр­го­ви­ја со дру­ги зем­ји. Нај­че­сто овие до­го­во­ри во се­бе со­др­жат без­број зам­ки, што во да­ден мо­мент мо­жат да би­дат по­губ­ни за сто­панс­тво­то“, твр­ди ака­де­мик Ни­ко­ла Кљу­сев, еми­нен­тен еко­но­мист и пре­ми­ер на пр­ва­та ма­ке­дон­ска вла­да.

Сеп­тем­ври – „Про­из­водс­тво­то рас­те са­мо за ча­лам“
„Во пос­лед­ни­те ме­се­ци ста­ти­сти­ча­ри­те ‘из­ме­ри­ја’ по­раст на фи­зич­ки­от обем на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво, но екс­пер­ти­те пре­ду­пре­ду­ва­ат де­ка е ра­но да се збо­ру­ва за тренд на за­жи­ву­ва­ње на еко­но­ми­ја­та“.

Ло­кал­ни из­бо­ри

Во 1996 го­ди­на се до­не­соа За­ко­нот за ло­кал­на са­мо­у­пра­ва и За­ко­нот за те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба на Ма­ке­до­ни­ја. Се одр­жу­ва­ат и ло­кал­ни из­бо­ри, ка­де што се ме­реа си­ли­те. Во ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок се во­де­ше те­шка би­тка за Те­то­во.

Во под­го­то­вка на за­ко­нот се на­ве­ду­ваа оче­ку­ва­ња за ур­ба­ни­за­ци­ја, но и на­ма­лу­ва­ње на ми­гра­ци­ја­та се­ло – град.

„Со но­ва­та те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба на Ма­ке­до­ни­ја на 111 оп­шти­ни се оче­ку­ва да се зго­ле­ми ур­ба­ни­за­ци­ја­та во др­жа­ва­та, да се соз­да­де ко­му­нал­на ин­фра­стру­кту­ра, да се за­др­жи и вра­ти на­се­ле­ни­е­то во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, ка­ко и да се на­ма­ли ми­гра­ци­ја­та се­ло-град.

Про­сеч­на­та го­ле­ми­на на оп­шти­на­та со пред­ло­же­ни­от за­кон е 20 ил­ја­ди жи­те­ли со 222 ки­ло­ме­три ква­драт­ни, што е де­сет па­ти по­ве­ќе од европ­ски­от про­ект. Со овој за­кон се вр­ши опе­ра­ци­о­на­ли­за­ци­ја на си­стем­ски­от За­кон за ло­кал­на са­мо­у­пра­ва пре­ку мре­жа на но­ви оп­шти­ни, со што се вос­по­ста­ву­ва но­ва ре­ал­ност на ло­кал­на­та са­мо­у­пра­ва“, пи­шу­ва „Днев­ник“.