Мрачното време на транзицијата – 1994

Во го­ди­на­та ко­га де­сет­ми­на Ал­бан­ци се уап­се­ни по­ра­ди се­па­ра­ти­стич­ки актив­но­сти, ПДП ја на­пу­шти ко­а­ли­ци­ја­та, а од нив се од­во­и­ја ра­ди­ка­ли­те Ар­бен Џа­фе­ри и Мен­дух Та­чи. „Пред дож­дот“ на Мил­чо Ман­чев­ски ја освои на­гра­да­та „Зла­тен лав“ во Ве­не­ци­ја, а „Оска­рот“ го по­не­се „Шинд­ле­ро­ва­та ли­ста“. Ли­сти­те, пак, на Со­ју­зот за Ма­ке­до­ни­ја це­лос­но ги осво­и­ја из­бо­ри­те отка­ко опо­зи­ци­ја­та се пов­ле­че од из­бо­ри­те по­ра­ди кр­ше­ње на из­бор­ни­от про­цес. Со бло­ка­да од Гр­ци­ја, при­ва­ти­за­ци­ја­та те­че ка­ко под­мач­ка­на…

„Па­ра­вој­ска“, по­пис и фрак­ци­о­нерс­тво­то на Џа­фе­ри и на Та­чи

Во зо­ра­та на 1994 го­ди­на, Мид­хад Еми­ни и уште де­вет ет­нич­ки Ал­бан­ци беа уап­се­ни по­ра­ди се­па­ра­ти­стич­ки актив­но­сти – фор­ми­ра­ње па­ра­вој­ска. Во де­но­ви­те на ед­на не­де­ла ме­ѓу аме­ри­кан­ско­то приз­на­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност и грч­ко­то ем­бар­го, од ПДП-НДП се по­ја­ву­ва фрак­ци­ја­та на ра­ди­кал­ни­те Ар­бен Џа­фе­ри и Мен­дух Та­чи. До­де­ка ле­то­то се од­ви­ва по­пи­сот за кој на 1 ју­ли „Нова Македонија“ пишува „сѐ уште не мо­же да се ка­же де­ка е це­лос­но нор­ма­ли­зи­ран, а во Те­то­во и во Го­сти­вар по­пи­шу­ва­чи­те Ал­бан­ци ко­неч­но трг­наа на те­рен…“. Во Де­бар е кон­ста­ти­ран бој­кот на по­пи­сот, од по­пис­на­та ко­ми­си­ја ве­лат од­ло­жу­ва­ње не­ма, ама ќе мо­же да се по­пи­шу­ва, а ме­ѓу­на­род­ни ими­ња ве­лат де­ка не смее да се за­пре со по­пи­сот. Не­ка­де ме­ѓу тие на­те­га­ња пад­наа пре­су­ди­те за де­сет­те­ми­на од слу­ча­јот „Па­ра­вој­ска“, а ПДП-НДП ги на­пу­шти ин­сти­ту­ци­и­те по­ра­ди ви­со­ки­те каз­ни. За из­ли­вот на на­ци­о­на­ли­стич­ки ста­во­ви, „Ве­чер“ ана­ли­зи­ра на по­че­то­кот на март. При­тоа се по­со­чу­ва на „вр­ски­те и оски­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Ти­ра­на од ед­на стра­на и Ма­ке­до­ни­ја и Бел­град од дру­га стра­на“.

„Пос­лед­ни­те из­ја­ви на Та­чи за лон­дон­ски „Об­зер­вер“ (сѐ уште не­де­ман­ти­ра­ни) на­ве­ду­ва­ат на по­мис­ла­та де­ка фрак­ци­ја­та ве­ќе се чув­ству­ва до­вол­но моќ­на да ги раз­о­ткрие сво­и­те ви­стин­ски на­ме­ри. Ше­фот на фрак­ци­о­не­ри­те за „Об­зер­вер“ ќе из­ја­ви: „Жал ми е, но ако Ма­ке­дон­ци­те про­дол­жат да ги од­би­ва­ат ал­бан­ски­те ба­ра­ња, ов­де ќе има кр­во­про­ле­ва­ње“. Јас­на, пре­циз­на и нед­вос­мис­ле­на из­ја­ва, ко­ја ве­ро­јат­но не мо­же да се уб­ла­жу­ва со не­ка­ков кон­текст. Та­чи ќе го из­ја­ви и след­но­во: „Ние сме во сил­на по­зи­ци­ја и има­ме мно­гу не­у­по­тре­бе­ни кар­ти“.

 

Грч­ко­то ем­бар­го

По ни­за­та приз­на­ва­ња на ма­ке­дон­ска­та не­за­вис­ност, на по­че­то­кот на фе­вру­а­ри САД ја приз­на­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја. Ед­на не­де­ла по­доц­на Гр­ци­ја ја спу­шта рам­па­та кон Ма­ке­до­ни­ја за сѐ што при­стиг­ну­ва за Ма­ке­до­ни­ја од со­лун­ско­то при­ста­ни­ште, глав­на­та ма­ке­дон­ска пор­та. Спро­тив­но на си­те ме­ѓу­на­род­ни до­го­во­ри, Гр­ци­ја го пра­ви тој че­кор со по­ткре­па на по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње кое ка­ко пла­тфор­ма го ну­ди на из­бо­ри, за по­тоа да не от­ста­пи од не­го. Ду­ри и да пре­диз­ви­ку­ва ин­ци­ден­ти со во­е­ни пре­ле­ту­ва­ња и кр­ше­ње на воз­душ­ни­от про­стор, со езер­ски­те во­е­ни си­ли во Прес­пан­ско Езе­ро, па и со пу­ка­ње над гла­ва во по­гра­нич­ни­те ре­ги­о­ни до­де­ка лу­ѓе­то ра­бо­тат на ма­ке­дон­ски­те по­ли­ња.

Во фе­вру­а­ри „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ из­ве­сту­ва од Ати­на: „…Во оче­ку­ва­ње на бр­зо про­дол­жу­ва­ње на ди­ја­ло­гот во Ати­на се оце­ну­ва де­ка да­ва пло­до­ви не­ка­ков европ­ски и аме­ри­кан­ски при­ти­сок врз Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја, по­ви­ку­вај­ќи се на дип­ло­мат­ски из­во­ри, е под­го­тве­на на пов­ле­ку­ва­ње и ис­пол­ну­ва­ње на три­те пре­дус­ло­ви – про­ме­на на зна­ме­то, Уста­вот и га­ран­ции за гра­ни­ца­та, на кои Ати­на по­сто­ја­но ин­си­сти­ра. При­тоа се оди до­та­му што се нај­а­ву­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја ду­ри има под­го­тве­но но­во зна­ме со кое ќе би­де за­ме­не­то по­стој­но­то, но са­мо со ’ма­ке­дон­ски сим­бо­ли’“.

Во исти­от текст се до­да­ва: „би­вши­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти Па­па­кон­стан­ти­ну… ја об­ви­ни вла­да­та за пре­ки­ну­ва­ње на ди­ја­ло­гот, де­ка пре­тсе­да­те­лот Гли­го­ров на­вод­но бил под­го­твен да ја пот­пи­ше спо­год­ба­та око­лу мер­ки­те за гра­де­ње до­вер­ба, но со сме­на­та на вла­ста це­ли­от про­цес е по­ста­вен на по­гре­шен пат, со не­сог­лед­ли­ви пос­ле­ди­ци, пред сѐ, за Гр­ци­ја“.

Спо­ред ме­мо­а­ри­те на Гли­го­ров, во 1994 го­ди­на и на по­че­то­кот на 1995 го­ди­на, од Гр­ци­ја пре­ку Фрч­ко­ски му се ну­де­ни по­да­ро­ци и па­ри за да от­ста­пи во пре­го­во­ри­те со Гр­ци­ја. Нај­пр­во тоа е ам­фо­ра, а по­тоа лич­но од Фрч­ко­ски ме се по­ну­де­ни 1 ми­ли­он до­ла­ри. Гли­го­ров ги од­бил.

 

Велиновска: Глигоров им засмета

– Ко­га се швер­цу­ва­ше и ко­га ме­ѓу­на­род­ни­те фа­кто­ри доз­во­ли­ја да цу­ти швер­цот, во Ма­ке­до­ни­ја дој­де Лорд Овен, со ра­це в џеб, на Ки­ро Гли­го­ров му ве­ли: „Ви се чу­дам, Гр­ци­ја ве бло­ки­ра­ше, вие со Ср­би­ја се об­вр­за­вте да ја за­тво­ри­те гра­ни­ца­та, не­ма­те из­лез на исток и на за­пад, јас прог­но­зи­рам де­ка ќе из­др­жи­те три ме­се­ци ка­ко др­жа­ва. По­до­бро при­фа­те­те го пред­ло­гот што ви го ну­ди Гр­ци­ја“. Јас го не­мав ви­де­но Ки­ро Гли­го­ров збес­нет. Зди­ве чо­ве­кот. Ре­че: „Вие не ја зна­е­те Ма­ке­до­ни­ја, ќе из­др­жи­ме сѐ“. Зна­чи тој им зас­ме­та. Но, поч­на и да го рас­пра­шу­ва за ка­би­не­тот, за Фрч­ко­ски, за швер­цот. Зна­чи поч­нал па­ра­лел­но да истра­жу­ва, па ве­ро­јат­но се за­ка­нил де­ка ќе проз­бо­ри. А то­гаш…

 

Из­бо­ри­те и бој­ко­тот

Ма­ке­до­ни­ја таа из­бор­на го­ди­на, ко­га се оче­ку­ваа из­бо­ри во де­мо­крат­ска ат­мо­сфе­ра во су­ве­ре­на др­жа­ва, ко­ја во март ста­ну­ва член­ка на Со­ве­тот на Евро­па, а се под­го­тву­ва и по­пис, е раз­ре­шен Пав­ле Тра­ја­нов, ра­ко­во­ди­тел во по­ли­ци­ја­та кој јав­но об­ја­ви за вме­ша­ност на по­ли­тич­ки­от врв во швер­цот со на­фта. Во сеп­тем­ври со вла­ди­на од­лу­ка се за­тво­ре­ни фри­шо­пи­те на гра­ни­ца­та со Ср­би­ја, а исти­от ден Сто­јан Ан­дов ги за­ка­жу­ва пар­ла­мен­тар­ни­те и пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. На 15 сеп­тем­ври ВМРО-ДПМНЕ на кон­вен­ци­ја го из­бо­ра Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски за пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, а два де­на по­доц­на СДСМ, од­нос­но Со­ју­зот за Ма­ке­до­ни­ја го но­ми­ни­ра Ки­ро Гли­го­ров за шеф на др­жа­ва­та.

На па­ра­лел­ни­те из­бо­ри, во пр­ви­от круг Глигоров не­ма до­вол­но гла­со­ви, од­нос­но има око­лу 49 про­цен­ти. Се­пак, иа­ко му не­до­сти­га­ат два про­цен­ти од гла­со­ви­те, со ре­зул­та­ти не­ве­ри­фи­ку­ва­ни од ДИК и со не­по­стиг­нат цен­зус, Гли­го­ров се прог­ла­су­ва за по­бед­ник на из­бо­ри­те. Ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност, спо­ред се­ќа­ва­ња­та иска­жа­ни во јав­но­ста, би­ла свес­на за таа си­ту­а­ци­ја. ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Го­шев се пов­ле­ку­ва­ат од из­бо­ри­те.

Тогашниот пратеник Фло­ров­ски, од денешен аспект, вели: – Тоа бе­ше ед­на глу­па­ва по­стап­ка по пред­лог на Пе­тар Го­шев од ДП ко­га ги ви­де ре­зул­та­ти­те. Ние до­бро ко­ти­рав­ме, ќе имав­ме од 23 до 26 пра­те­ни­ци. Имав­ме до­бра кам­па­ња, јас бев ин­вол­ви­ран во кам­па­ња­та. Змеј­ков­ски то­гаш ни пред­ло­жи на ме­не и на Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски да се пов­ле­че­ме од из­бо­ри­те и на де­нот на гла­са­ње­то ние да на­пра­ви­ме про­тест­но гла­са­ње, со на­ши лив­чи­ња. Таа иде­ја дој­де и до Цен­трал­ни­от ко­ми­тет и ја изг­ла­сав­ме. Мо­же­би тоа бе­ше нај­на­ив­на­та и најг­лу­па­ва ра­бо­та што ја на­пра­вив­ме. Да бев­ме во пар­ла­мен­тот, мис­лам де­ка ни­ту при­ва­ти­за­ци­ја­та ни­ту дру­ги­те ра­бо­ти не­ма­ше да те­чат та­ка. Се­пак, ќе имав­ме кон­тро­ла. Дру­го е ко­га си вна­тре, над­вор мо­жеш да ви­каш кол­ку са­каш.

Feljton5-1994-111-2

На 26 октом­ври во „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ се об­ја­ве­ни ста­во­ви­те на пар­ти­и­те кои ја про­дол­жу­ва­ат из­бор­на­та тр­ка. „Не­пра­вил­но­сти има­ше, но не се пов­ле­ку­ва­ме“, нас­лов на текст по бој­ко­тот на ВМРО-ДПМНЕ, ДП и МА­АК и ре­а­ги­ра­ња­та на пар­ти­и­те што учес­тву­ва­ат во вто­ри­от из­бо­рен круг. Тие не не­ги­ра­ат де­ка има­ло про­пу­сти и опре­де­ле­ни сла­бо­сти во пр­ви­от круг, но тоа не е при­чи­на да не се учес­тву­ва во из­бор­на­та тр­ка. Па­ра­лел­но со тој текст се об­ја­ву­ва и истра­жу­ва­ње на Ма­ке­дон­ско­то ра­дио, нас­ло­ве­но „Гра­ѓа­ни­те не го при­фа­ќа­ат бој­ко­тот“. Ту­ка се ну­дат ре­зул­та­ти по пра­ша­ње­то за ко­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја или ко­а­ли­ци­ја би се опре­де­ли­ле во вто­ри­от круг. Та­ка, спо­ред оваа об­ја­ве­на ан­ке­та, за Со­ју­зот за Ма­ке­до­ни­ја би гла­са­ле 527, од­нос­но 53,50 про­цен­ти, за ВМРО-ДПМНЕ 81 или 8,22 про­цен­ти, за Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја 116 или 11,76 про­цен­ти…

Из­бо­ри­те ќе оста­нат во се­ќа­ва­ње по­ра­ди слу­ча­јот „Хардрок“. На­ме­сто све­че­но отво­ра­ње, ди­ско­те­ка­та во Скоп­је бе­ше де­мо­ли­ра­на. Си­те по­со­чу­ваа кон вна­треш­ни слу­чу­ва­ња во СДСМ.

 

Feljton5-1994-111-mirka-velinovska

Мир­ка Велиновска: “Хардрок“ Беше предигра за атентатот

Ед­ни­от на­стан бе­ше „Хар­дрок“ – симп­то­ма­тич­на ак­ци­ја за ид­ни­те дејс­тва што ги до­жи­ве­ав­ме по не­кол­ку ме­се­ци, а тоа е атен­та­тот на Ки­ро Гли­го­ров. Вто­ри­от настан се однесува на из­бо­ри­те и за нас но­ви­на­рите, што беше фас­ци­нант­но, уште не бе­ше ни „Днев­ник“ поч­нат, бе­ше во за­че­ток, па ние новинарите во НИП Нова Македонија бев­ме и акте­ри и жр­тви. Тоа е тоа што се ви­ка по­ткуп од ед­на пар­ти­ја за но­ви­на­ри­те за да им одра­бо­тат. Тоа по­доц­на се раз­ви­ва­ше, но тоа то­гаш за нас бе­ше прв пат. И шо­кан­тен- вели во интервју за Република Мирка Велиновска своевремено новинар во неделникот Пулс потсетувајќи се на дел од аферите од 1994 година.

Пр­во за но­ви­на­ри­те.
ВЕЛИНОВСКА: „Со­ју­зот за Ма­ке­до­ни­ја“ бе­ше со­ста­вен од три пар­тии, СДСМ, Социјалистичка и Либерална партија, но двата политички субјекти на Ѕин­го и на Ан­дов беа по­ве­ќе ста­ти­сти. Шта­бот до­нел од­лу­ка во под­го­то­вка на из­бо­ри­те да се ши­ри про­па­ган­да, од­нос­но спин. Ан­га­жи­ра­ле уг­лед­ни но­ви­на­ри, ние што ги открив­ме, најм­но­гу од „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, ве­ро­јат­но и од „Ве­чер“. Од „Пулс“ не­ма­ло со си­гур­ност. Ги открив­ме слу­чај­но, ко­га по из­бо­ри­те дел од нив не­за­до­вол­ни оти­доа на Би­ха­ќка да си ги ба­ра­ат па­ри­те и подароците што им би­ле ве­те­ни. Не­кои имаа ве­ќе нап­ла­те­но и се фа­леа со тоа. Та­ка доз­нав­ме и се воз­не­ми­рив­ме и го из­диг­нав­ме на ни­во на скан­дал. Од тоа на­пра­вив­ме слу­чај, затоа што голем срам и дам­ка на про­фе­си­ја­та бе­ше удре­на то­гаш. Но мис­ли­те де­ка не­кој пре­зе­де не­ка­ква мер­ка? Ни­кој! Жи­ви здра­ви, си пи­шу­ва­ат, не­кои и за­бо­ра­ви­ле де­ка учес­тву­ва­ле во та­ков на­стан. Са­мо та­кви ка­ко ме­не са­ка­ат да ги по­тсе­тат.

Ве­ро­јат­но ин­ди­ви­ду­ал­но им би­ле опре­де­лу­ва­ни це­ни­те, спо­ред вред­ност. Јас не знам Ерол Ри­за­ов или Бран­ко Трич­ков­ски кол­ку те­же­ле на нив­ни­от „па­зар на тру­дот“. Но знам Ми­лан Ба­нов кол­ку те­жел или Але­ксан­дар Шо­ља­ков­ски кол­ку те­жел, новинарките Пиш­пецка, Кр­то­ли­ца, тие што зе­ма­ле че­ти­ри до пет ил­ја­ди мар­ки. Плус комп­ју­тер. Во 1994 го­ди­на не­ма­ше мно­гу, има­ше са­мо ед­на фир­ма што се за­ни­ма­ва­ше со комп­ју­те­ри, „Се­мос“, пр­ва­та фир­ма во ко­ја бил вра­бо­тен Бран­ко Цр­вен­ков­ски, а по­тоа ста­на при­ват­на сопс­тве­ност на не­кол­ку­ми­на, ме­ѓу кои и не­го­ва­та со­пру­га.

По 15 го­ди­ни, пак, до­бив соз­на­ни­ја и до­бив ма­те­ри­ја­ли де­ка би­ле на­гра­ду­ва­ни со па­кет-ак­ции Уред­ни­ци и но­ви­на­ри. Ка­ко ло­би­сти. Не­ма да пи­шу­ваш за при­ва­ти­за­ци­ја, не­ма да об­ја­ву­ваш за скан­да­ли, еве ти ак­ции, ди­ви­ден­да ќе си до­би­ваш, зна­чи ста­ну­ваш сопс­тве­ник. Зна­чи, зе­ме­те ги глав­ни­те оли­гар­си, ви­де­те кои им се фир­ми­те и ќе ви­ди­те кои им се ак­ци­о­не­ри.

За слу­ча­јот „Хар­дрок“.
ВЕЛИНОВСКА: „Пи­ва­ра“ сла­ве­ше го­диш­ни­на и на­пра­ви за­ба­ва во „Пи­ва­ра“. Јас вле­гов со колегата Чо­мов­ски. Тој уште пр­ви­те ми­ну­ти ви­де рас­по­ред од три са­ли. Ед­на­та со стак­ле­ни вра­ти „од­бра­но друш­тво“ Ки­ро Гли­го­ров, вла­ди­ка­та Ки­рил, Ерол Ри­за­ов, „Леб и сол“, Ана Ко­стов­ска и уште не­кои мла­ди де­вој­ки. Бран­ко Цр­вен­ков­ски беше сед­нат спро­ти Ки­ро Гли­го­ров. Во дру­га­та са­ла ми­ни­стри и раз­ни уг­лед­ни­ци, општествено- културни ра­бот­ни­ци, ам­ба­са­до­ри. Тре­та­та са­ла, „сит­на бо­ра­ни­ја“, ди­ре­ктор­чи­ња, но­ви­на­ри, не­кои дру­ги и- Сто­јан Ан­дов.

Чо­мов­ски со искус­тво на го­лем набљудувач го сни­ми те­ре­нот и ре­че: „Овде не­што смр­ди“. Штом го сед­на­ле Ки­ро Гли­го­ров та­му. Зак­лу­чи­ле вра­та и ни­кој не мо­же да по­ми­не. А пре­ку стак­ло сни­ма­ат фо­то­сек­ци­ите. Чомовски ми ре­че: „Ви­ди Сто­јан ка­де е. Ви­ди ка­де се под­го­тву­ва Све­то (Директорот на Скопска Пивара НЗ) да збо­ру­ва, по­да­ле­ку од си­те овие го­сти. Со­се­ма не­о­бич­на сце­но­гра­фи­ја за ва­ков на­стан“.

Се вра­тив­ме кон глав­на­та вра­та, ко­га Бран­ко Цр­вен­ков­ски из­ле­зе, го сне­ма за по­ло­ви­на час. Дру­ги­те оста­наа, во за­па­ле­на ат­мо­сфе­ра, си­те пе­е­ја, Ки­ро Гли­го­ров исто та­ка, и ко­га Ана Ко­стов­ска му сед­на в скут, Чо­мов­ски ми ре­че: „Да си оди­ме, ќе би­де не­што“, и си оти­дов­ме. Во ме­ѓу­вре­ме, се слу­чи „Хар­дрок“. Всуш­ност, Ки­ро Гли­го­ров со мла­ди­те тре­ба­ло да оди во „Хар­дрок“, и, всуш­ност, да би­де ди­скре­ди­ти­ран „на­че­кан“ во мла­до жен­ско друш­тво.

Заедно вед­наш оти­дов­ме кај Пан­де Ко­ле­ми­шев­ски (директорот на НИП Н.З.), по­ба­рав­ме да го зе­ме­ме сни­ме­ни­от ма­те­ри­јал од на­ши­от фо­то­ре­пор­тер, за да не „оти­де не­ко­ја фо­то­гра­фи­ја не­ка­де, тоа не е нор­мал­но“. На сли­ки­те Киро Глигоров бе­ше нас­ме­ан од уши до уши, со де­вој­ка в скут. Пан­де Колемишевски вед­наш потоа му ги од­не­се фо­то­гра­фи­и­те на Ки­ро Гли­го­ров… мо­же­те да за­мис­ли­те што ќе на­пра­ве­ше Гр­ци­ја со та­ков ма­те­ри­јал.

Се­то тоа се пра­ве­ше во згра­да­та на фир­ма­та на член на пар­ти­ја­та на Сто­јан Ан­дов. Пар­ти­ското ра­ко­водс­тво­то „из­бе­гано“ во тре­та­та ха­ла, Бран­ко Цр­вен­ков­ски за­ми­на, остана са­мо Ки­ро Гли­го­ров на­то­по­рен.

Од ту­ка тре­ба­ло да одат за „Хар­дрок“?
ВЕЛИНОВСКА: Да, од ту­ка, Ки­ро Глигоров атер­џи­ја со жен­ско друш­тво ве­се­ло, ка­ко ха­рем око­лу не­го. Не е прв­пат, та­кви ме­стен­ки има­ло, ама чуд­на ра­бо­та, не го за­шти­ти­ја ни­ту же­на му, ни­ту служ­ба­та за без­бед­ност око­лу не­го.

Важ­но, факт е де­ка тој слу­чај не­ма­ше нор­мал­на за­врш­ни­ца ка­ко во прав­на др­жа­ва. И та­ка „Хар­дрок“ се за­ме­тка иа­ко сè бе­ше на „ачик“. Иа­ко ги зна­ев­ме си­те лу­ѓе: уло­га­та на Ла­зе Ки­та­нов­ски, се не­го­ви лу­ѓе беа за­шти­та­ри­те на СДСМ, од кор­пу­сот на сит­ни кри­ми­нал­ци и те­па­чи, тој ги кон­тро­ли­ра­ше, тој ја соз­да­де па­ра­вој­ска­та. Тие си оста­наа не­каз­не­ти, но се слу­чу­ваа дру­ги убис­тва на лу­ѓе што, се чи­ни, вр­шеа дру­ги вал­ка­ни ра­бо­ти. Но, са­мо ко­га ќе из­ле­зеа од кон­тро­ла и ба­раа по­ве­ќе.

 

„Злат­ни­от лав“ и пру­га­та кон Бу­га­ри­ја

Еко­ном­ски, во 1994 го­ди­на стап­ка­та на не­вра­бо­те­ност е 31,87 про­цент, про­сеч­ни­от раст на БДП из­не­су­ва­ше 1,8 про­цент. Од бло­ка­да­та од Гр­ци­ја во но­ем­ври оста­ну­ва­ат 19,5 то­ни аме­ри­кан­ска пчен­ка на­ме­не­та за Ма­ке­до­ни­ја. До­ма, пак, поч­ну­ва при­ва­ти­за­ци­ја­та со усво­ју­ва­ње на про­гра­ма­та за пре­стру­кту­и­ра­ње на 25 за­гу­ба­ри. Со 96 из­бра­ни пра­те­ни­ци на со­ју­зот пред­во­ден од СДСМ, си­те за­ко­ни се но­сат лес­но. Пру­га­та кон Бу­га­ри­ја, поч­на­та во пре­диз­бо­ри­е­то кај Ги­нов­ци, Кри­во­па­ла­неч­ко, ни­ко­гаш не бе­ше из­гра­де­на. Но, пред­ви­де­ни­те 140 ми­ли­о­ни мар­ки беа на­до­пол­не­ти со уште 300 ми­ли­о­ни. Од тие за­фа­ти, на хар­ти­ја оста­на и пат­ни­от пра­вец Ве­лес – При­леп.

Офи­ци­јал­ни­те по­пис­ни ре­зул­та­ти по­ка­жу­ва­ат 1.936.877 жи­те­ли; 66,5 про­цен­ти Ма­ке­дон­ци, 22,7 про­цен­ти Ал­бан­ци.

На 17 де­кем­ври е ос­но­ван Те­тов­ски­от уни­вер­зи­тет. Три де­на по­доц­на, Бран­ко Цр­вен­ков­ски ста­ну­ва пре­ми­ер на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. „Злат­ни­от лав“ од Ве­не­ци­ја го по­не­се ма­ке­дон­ски­от филм „Пред дож­дот“. „Оскар“, се­пак, не до­би.

Leave a Reply