Monday, 26 September 7194

Мрачното време на транзицијата – 1993

1993 го­ди­на кај јав­но­ста бу­ди спо­ме­ни за две ави­он­ски не­сре­ќи во Ма­ке­до­ни­ја. Во март по­крај Скоп­је се ур­на ави­о­нот на ком­па­ни­ја­та „Па­лер Ма­ке­до­ни­ја“, до­де­ка во но­ем­ври пад­на ави­он на „Ави­о­им­пекс“. Ма­ке­до­ни­ја во 1993 го­ди­на ја тре­сат про­те­сти по­ра­ди еко­ном­ска­та со­стој­ба, а зем­ја­та бе­ше при­ме­на во ООН под ре­фе­рен­ца­та ФИ­РОМ. Со­рос вле­гу­ва во Ма­ке­до­ни­ја ну­деј­ќи два кре­ди­та, но со пис­мо де­ка ќе ги за­гу­би сим­па­ти­и­те ако сон­це­то или ла­вот би­дат по­ста­ве­ни за др­жа­вен грб. Таа го­ди­на мал дел од јав­но­ста ја па­ме­ти и по­ра­ди смрт­та на но­ви­нар, же­сток кри­ти­чар на то­гаш­на­та власт.

На по­че­то­кот на 1993 го­ди­на се нај­а­ву­ва Џорџ Со­рос ка­ко прв стра­нец што се обра­тил до ма­ке­дон­ски­те пра­те­ни­ци. Во пис­мо­то тој по­со­чу­ва де­ка до­кол­ку др­жа­ва­та ги упо­тре­би сон­це­то на Але­ксан­дар или, пак, ла­вот за грб на др­жа­ва­та, ќе се за­гу­бе­ле сим­па­ти­и­те во свет­ска­та за­ед­ни­ца. „Раз­брав де­ка има на­ме­ра шес­на­е­се­ткра­ко­то сон­це на Але­ксан­дар Ве­ли­ки да се усвои за др­жа­вен грб. Ако до­не­се­те та­кво ре­ше­ние, мис­лам де­ка ќе ги за­гу­би­те сим­па­ти­и­те во све­тот. За жал, дру­ги­от пред­ло­жен сим­бол, ла­вот, исто та­ка, има не­га­тив­ни имп­ли­ка­ции“, пи­шу­ва Со­рос до ма­ке­дон­ски­те пра­те­ни­ци, пис­мо што не стиг­ну­ва до нив. За са­мо не­кол­ку де­но­ви по­тоа др­жа­ва­та се за­дол­жу­ва за 25 ми­ли­о­ни до­ла­ри кај Со­рос. Пра­те­ни­ци­те во опо­зи­ци­ја во за­е­мот гле­да­ат по­ли­тич­ка зад­ни­на. „Ка­ко про­тест де­ка се зе­ма кра­тко­ро­чен кре­дит од за­е­мо­да­вец што ну­ди не­при­фат­ли­ви ста­во­ви за вна­треш­но­по­ли­тич­ко­то уре­ду­ва­ње во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спро­тив­но на неј­зи­ни­от Устав, на гла­са­ње­то не при­сус­тву­ва­ат пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ и на ВМРО-ДП. На­чи­нот, иа­ко про­це­ду­ра­лен, се со­сто­е­ше во ба­ра­ње­то на опо­зи­ци­ја­та да ѝ би­де пре­зен­ти­ра­но ори­ги­нал­но­то пис­мо од Со­рос, ка­ко и тоа што е цел­та на Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво“, се ве­ли во из­ве­шта­јот за днев­ни­кот на на­ци­о­нал­на­та те­ле­ви­зи­ја.

 

Го­ди­на на штрај­ко­ви

Во пр­ви­те ме­се­ци во 1993 го­ди­на др­жа­ва­та ја тре­сат протести. Ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка инф­ла­ци­ја­та е 434,2 про­цен­ти, а БДП е ми­нус 7,5 про­цен­ти, не­вра­бо­те­ност на­рас­ну­ва на 27,7 про­цен­ти. Во таа 1993 го­ди­на е до­не­сен За­ко­нот за транс­фор­ма­ци­ја на прет­при­ја­ти­ја­та со оп­штес­твен ка­пи­тал. Опо­зи­ци­ја­та не го при­фа­ќа за­ко­нот со кој „се ле­га­ли­зи­ра гра­бе­жот од пар­ти­и­те што го до­не­су­ва­ат, до­де­ка ра­бот­ни­ци­те гла­ду­ва­ат“.

Здрав­ство­то, фар­ма­це­вти­те и со­ци­јал­ни­те ра­бот­ни­ци вле­гу­ва­ат во ге­не­ра­лен штрајк. Ба­ра­ат да им се исп­ла­та­т пла­тите, кои, па­тем, се 200 гер­ман­ски мар­ки, но и по­чи­ту­ва­ње на ко­ле­ктив­ни­от до­го­вор.

„Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ го пре­не­су­ва д-р Сло­бо­дан Дон­чев­ски: „Ин­тим­но се чув­ству­ва­ме раз­о­ча­ра­ни по­ра­ди штрајкот за­тоа што сме при­си­ле­ни на па­ци­ен­ти­те да им ве­ли­ме са­ми да се сна­о­ѓа­ат. Всуш­ност, це­ла го­ди­на сме во не­ка­ков не­де­фи­ни­ран штрајк би­деј­ќи не­ма­ме ни­ка­кви ус­ло­ви за ра­бо­та. Не­ма ле­ко­ви, ренд­ген­ски фил­мо­ви, не­ма ва­та, не­ма­ме ни са­пун да си ги из­ми­е­ме ра­це­те“.

Во фе­вру­а­ри ге­не­ра­лен штрајк го за­фа­ќа РЕК Би­то­ла. „По ка­те­го­рич­но ба­ра­ње на над две ил­ја­ди вра­бо­те­ни на со­би­рот, 23 ра­ко­во­ди­те­ли ги до­ста­ви­ја оста­вки­те до ди­ре­кто­рот Пан­де Ла­за­ров, а тој сво­ја­та на ра­бот­нич­ки­от со­вет. Што се од­не­су­ва до ба­ра­њето за зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те, пра­ша­ње­то оста­ну­ва отво­ре­но до раз­го­во­ри­те на ге­не­рал­ни­от ди­ре­ктор на ’Еле­ктро­сто­панс­тво на Ма­ке­до­ни­ја’ со Вла­да­та“. Ди­ре­кто­рот на ЕСМ Ми­то Мар­ков­ски, до­че­кан со ап­ла­у­зи, по­ба­рал ре­ал­ност во ба­ра­ња­та, во ус­ло­ви ко­га стан­дар­дот е се­ри­оз­но опад­нат и со ли­чен до­ход од ед­вај 80 гер­ман­ски мар­ки…. по­ви­со­ки­те пла­ти оста­ну­ва­ат во фо­ку­сот, во ус­ло­ви ко­га вла­да­та, пра­ктич­но, од­го­ва­ра де­ка е не­воз­мож­но.

Во март, пак, штрај­ку­ва­ат сто­ти­ци де­виз­ни­те ште­да­чи од це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Ве­лат, не сме со­ци­јал­ни слу­чаи, па ба­ра­ат да се по­ни­шти За­ко­нот за де­по­ни­ра­на де­виз­на за­ште­да кој ограничува вадење само до 100 марки. Ба­ра­ат да им се овоз­мо­жи да рас­по­ла­га­ат со за­ште­да­та.

На ва­ква­та сли­ка се на­до­вр­зу­ва­ат и про­те­сти­те на ру­да­ри­те, же­лез­ни­ча­ри­те, на вра­бо­те­ни во мно­гу др­жав­ни ком­па­нии.

 

Ави­о­нски несреќи

1993 го­ди­на е цр­на го­ди­на за ма­ке­дон­ско­то воз­ду­хоп­лов­ство. Сѐ уште не­за­креп­на­ти од мар­тов­ски­от пад на „фо­кер 100“ на „Па­лер“, по­крај Скоп­је, а ко­ја се слу­чи по­ра­ди за­мрз­на­ти­те кри­ла на ави­о­нот, во но­ем­ври ма­ке­дон­ска­та јав­ност ја по­тре­се па­дот на ави­о­нот на „Ави­о­им­пекс“ кај Охрид. Ле­тај­ќи од Же­не­ва кон Скоп­је, ави­о­нот бил пре­на­со­чен кон Охрид, кога се ур­на бли­зу Охрид.

Во ја­ну­а­ри. „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ана­ли­зи­ра „Кол­ку е без­бед­но не­бо­то над Ма­ке­до­ни­ја?“ „Иа­ко со де­но­ви два­та ае­ро­дро­ма во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се за­бра­не­ти за со­о­бра­ќај во ве­чер­ни­те ча­со­ви, до­маш­ни­те ави­о­ком­па­нии, спро­тив­но на стро­ги­те про­пи­си, по­ле­ту­ва­ат или се при­зем­ју­ва­ат. За над­ми­ну­ва­ње на проб­ле­мот со освет­лу­ва­ње­то на пи­ста­та на скоп­ски­от ае­ро­дром, од­го­вор­ни­те од АРМ, во чи­ја­што над­леж­ност е, мо­мент­но се во по­тра­га по све­тил­ки. Си­сте­мот е за­ста­рен, све­тил­ки­те не се стан­дард­ни, ни­кој не ги про­из­ве­ду­ва, па мо­ра­ло да се ба­ра низ европ­ски­те др­жа­ви. За­ме­на­та на си­сте­мот би чи­нел 1,5 ми­ли­он мар­ки. За Охридскиот, пак, ре­зерв­ни­от дел чи­ни 3.000 мар­ки“.

 

Во Ма­ке­до­ни­ја во ја­ну­а­ри до­а­ѓа­а ми­си­ја­та на ООН УНП­РО­ФОР, за да спре­чи пре­ле­ва­ње на во­е­ни­те дејс­тва, но само како пре­вен­ти­ва и без ман­дат за ин­тер­вен­ци­ја. Во тој пер­и­од ко­га плам­ну­ва­ат во­е­ни дејс­тва во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, Грција пра­ви при­ти­сок де­ка не по­стои ма­ке­дон­ска на­ци­ја, ни­ту ма­ке­дон­ска др­жа­ва. Светот станува глу­в на по­ви­кот за приз­на­ва­ње, па под пре­си­ја од мож­на ин­тер­вен­ци­ја од со­се­ди­те се создава атмосфера на ит­ност за при­ем во ООН.

Ма­ке­до­ни­ја ја од­би­ва Фран­ци­ја ко­ја се ну­ди за по­сред­ник, но поминува на­црт-ре­зо­лу­ци­ја­та на Анг­ли­ја, Фран­ци­ја и на Шпа­ни­ја што се на­мет­ну­ва ка­ко ус­лов за влез во ООН ја наметнува не са­мо ре­фе­рен­ца­та, ту­ку и раз­го­ворите за над­ми­ну­ва­ње на раз­ли­ки­те за име­то.

По напливот на бе­гал­ци почнува из­град­ба на бе­гал­ски камп во скоп­ска­та на­сел­ба Ѓор­че Пе­тров, што на­и­де на остра ре­ак­ци­ја кај јав­но­ста. Со скан­ди­рање „Ѓор­че не го да­ва­ме“, од про­те­сти­те се бараше да се пов­ле­че по­ли­ци­ја­та и да не се ре­ша­ва на си­ла. Насилството ме­ѓу по­ли­ци­ја­та и гра­ѓа­ни­те остави22 по­вре­де­ни. Работата стигнува во Собранието, из­ве­стен е ин­ве­сти­то­рот од Се­вер­на Рај­на Вес­тфа­ли­ја, а Устав­ни­от суд по­тоа ја за­пре из­град­ба­та на кам­пот.

 

Nova-makedonija-zgrada

Ко­ле­ми­шев­ски: ВМРО-ДПМНЕ jа тре­ти­рав­ме ка­ко не­при­jа­тел­ска си­ла

Не бе­ше лес­но но­ви­нарс­тво­то кон кра­јот на осум­де­сет­ти­те и по­че­то­кот на де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Уште во вто­ра­та по­ло­ви­на на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни се чув­ству­ва­ше ми­ри­сот на мож­ни­от рас­пад на Ју­гос­ла­ви­ја, ми­рис што јав­но до­а­ѓа­ше од Сло­ве­ни­ја и од Хр­ват­ска, а тај­но и сил­но за тој рас­пад ра­бо­те­ше Ср­би­ја, осо­бе­но по до­а­ѓа­ње­то на Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ на по­ли­тич­ка­та сце­на. Сѐ по­о­чиг­ле­ден бе­ше рас­па­дот на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти­те, а бе­ше јас­но де­ка без не­го Ју­гос­ла­ви­ја не­ма да по­стои. Вла­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја, а со тоа и но­ви­нарс­тво­то, ги сле­деа тие на­ста­ни, но, искре­но ре­че­но, во пр­ви­те го­ди­ни, не ве­лам де­ка се ве­ру­ва­ше, ту­ку по­сто­е­ше на­деж де­ка Ју­гос­ла­ви­ја ќе оп­стои.

Во тоа ве­ру­ваа и стран­ски­те др­жа­ви. Кон кра­јот на 1990 го­ди­на, кај ме­не ка­ко ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на НИП „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ по­ба­раа при­ем по­ве­ќе ам­ба­са­до­ри акре­ди­ти­ра­ни во Бел­град. Дој­доа ам­ба­са­до­рот на Гер­ма­ни­ја, на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ка­на­да, Ин­ди­ја, Че­хос­ло­вач­ка, на не­кол­ку афри­кан­ски зем­ји и дру­ги ви­со­ки дип­ло­мат­ски служ­бе­ни­ци. Си­те тие, освен што се ин­те­ре­си­раа за Ма­ке­до­ни­ја, ме убе­ду­ваа да на­сто­ју­ва­ме во уре­ду­вач­ка­та по­ли­ти­ка да ги пре­фе­ри­ра­ме пред­но­сти­те на Ју­гос­ла­ви­ја и де­ка све­тот не го под­др­жу­ва рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја. По­доц­на се по­ка­жа де­ка и тие не би­ле до­бро ин­фор­ми­ра­ни за на­ме­ри­те на го­ле­ми­те си­ли.
По оса­мо­сто­ју­ва­ње­то и при­е­мот на Ма­ке­до­ни­ја во Обе­ди­не­ти­те на­ции, си­те ам­ба­са­до­ри, дип­ло­мат­ски прет­став­ни­ци или дру­ги стран­ски го­сти, во раз­го­во­ри­те со ме­не или со глав­ни­те уред­ни­ци на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ и на „Ве­чер“, во 99 про­цен­ти од вре­ме­то по­ми­на­то во раз­го­во­ри­те се ин­те­ре­си­раа за по­зи­ци­и­те и за пра­ва­та на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја.

По за­ми­ну­ва­ње­то на „по­ста­ра­та“ ге­не­ра­ци­ја пар­ти­ски и др­жав­ни ра­ко­во­ди­те­ли, ка­ко што беа Ми­лан Пан­чев­ски, Ја­ков Ла­за­ро­ски, Дра­го­љуб Ста­врев и дру­ги, кои беа лу­ѓе со чест и доб­лест, на че­ло на СКМ дој­де Пе­тар Го­шев, чо­век што ни­ту има­ше, ни­ту, пак, соз­да­де ли­чен авто­ри­тет, ни­ту уме­е­ше да соз­да­де ли­чен кон­такт или да вос­по­ста­ви бли­скост. Не­го­ва­та су­е­та бе­ше по­сил­на од не­го. Во не­го­ви­от пер­и­од вес­ни­ци­те, мо­же­би, го имаа нај­го­ле­ми­от при­ти­сок или не­до­раз­би­ра­ња. Кол­ку што тој са­ка­ше да сте­га, тол­ку но­ви­нарс­тво­то се ос­ло­бо­ду­ва­ше од до­то­гаш­ни­те сте­ги.

Слич­на, ду­ри и по­ло­ша бе­ше си­ту­а­ци­ја­та во вре­ме­то на пр­ва­та вла­да на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ре­чи­си се­којд­нев­ни беа за­бе­ле­шки­те за тоа ка­ко из­ве­сту­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, во што во­деа не са­мо пре­тсе­да­те­лот Ни­ко­ла Кљу­сев, ту­ку со уште по­го­ле­ма упор­ност и за­ка­ни се ја­ву­ваа пот­пре­тсе­да­те­лот Бла­же Ри­сто­ски и ми­ни­сте­рот за ин­фор­ма­ции Мар­тин Тре­не­ски. Пи­ша­ни, улич­ни, при­ват­ни за­ка­ни имав­ме од мно­гу­број­ни по­е­дин­ци, кои не се сог­ла­су­ваа со уре­ду­вач­ка­та по­ли­ти­ка, а не беа мал­ку ни­ту за­ка­ни­те од по­е­дин­ци или од гру­пи од Ср­би­ја и од Бу­га­ри­ја. Ед­на од тие за­ка­ни бе­ше и од ре­жи­се­рот Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, ду­хов­ни­от та­тко на вес­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, член на МААК, а по­доц­на на ВМРО-ДПМНЕ, кој во не­кол­ку на­вра­ти во свои го­во­ри збо­ру­ва­ше де­ка не­ма да би­де ште­та и ако се за­па­ли „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“.

Тој тренд про­дол­жи во ра­ни­те де­ве­де­сет­ти го­ди­ни, по до­а­ѓа­ње­то на власт на СДСМ, со Бран­ко Цр­вен­ков­ски ка­ко пре­тсе­да­тел на вла­да­та. Во по­че­то­кот има­ше ја­ву­ва­ња, мно­гу по­ве­ќе од но­ви­те ми­ни­стри, откол­ку од Цр­вен­ков­ски. Тој ја на­у­чи лек­ци­ја­та од пре­тсе­да­те­лот Гли­го­ров, кој има­ше ја­сен став де­ка по­ли­ти­ча­ри­те не тре­ба да се ка­ра­ат со но­ви­на­ри­те и де­ка, ка­ко та­кво, на ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво мо­ра да му се обез­бе­ду­ва по­ве­ќе сло­бо­ден про­стор за кри­ти­ка. Во таа смис­ла, Цр­вен­ков­ски, ка­ко и Гли­го­ров, во по­ве­ќе на­вра­ти ор­га­ни­зи­раа ру­че­ци или ве­чер­ни сред­би со дел од уред­ниш­тва­та ка­ко на из­да­ни­ја­та на НИП „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, та­ка и со тие од Ма­ке­дон­ска­та ра­дио-те­ле­ви­зи­ја. Не ве­лам де­ка не се пи­е­ло и пу­ше­ло, де­ка по­не­ко­гаш не вла­де­е­ла от­пу­ште­на или кла­сич­на ка­фе­ан­ска ат­мо­сфе­ра, но не­ка­кви јав­ни „пи­јан­ки“ и слич­но, ба­рем во мое при­сус­тво, не се слу­чи­ле. Дру­го би­ле мо­и­те лич­ни при­ват­ни сред­би со Цр­вен­ков­ски, но тоа би­ло дел од мо­јот или од не­го­ви­от при­ва­тен жи­вот. За раз­ли­ка од Гли­го­ров и од Цр­вен­ков­ски, Сто­јан Ан­дов бе­ше по­на­стој­чив да ос­тва­ри вли­ја­ние во уре­ду­вач­ка­та по­ли­ти­ка , ка­ко и не­кои пре­тсе­да­те­ли и чле­но­ви на ми­нор­ни пар­тии.

Не е ни­ка­ква тај­на де­ка из­да­ни­ја­та на НИП во тие го­ди­ни ја под­др­жу­ваа по­ли­тич­ка­та ли­ни­ја на дво­е­цот Гли­го­ров- Цр­вен­ков­ски. Тоа не се дол­же­ше на не­ка­ква ме­ѓу­себ­на бли­скост, ту­ку на исто­ри­ско­то ми­на­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, на неј­зи­ни­те ас­ном­ски ко­ре­ни, на за­чу­ву­ва­ње на те­ри­то­ри­јал­ни­от ин­те­гри­тет на но­ва­та др­жа­ва, ка­ко и на за­чу­ву­ва­ње и ре­а­фир­ма­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, пис­мо и ја­зик, во тоа вре­ме опас­но за­гро­зу­ва­ни од три­те со­сед­ни др­жа­ви: Бу­га­ри­ја, Гр­ци­ја, Ср­би­ја.

Исто та­ка, не е ни­ка­ква но­вост ако се со­оп­шти де­ка Но­ва Ма­ке­до­ни­ја има­ше не­га­ти­вен став кон пар­ти­ја­та ВМРО-ДПМНЕ, пред­во­де­на од Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. Де­нес ду­ри мо­жам да ре­чам де­ка ние таа пар­ти­ја не ја тре­ти­рав­ме ка­ко опо­зи­ци­ја, ту­ку ка­ко не­при­ја­тел­ска си­ла на са­мо­стој­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Зо­што бе­ше та­ка, ба­ра дол­го и на­ши­ро­ко об­јас­ну­ва­ње, но не­кол­ку го­ди­ни по­доц­на се по­ка­жа де­ка та­кви­от трет­ман не бил без ос­но­ва. Осо­бе­но што неј­зи­ни­от ли­дер, во по­ве­ќе на­вра­ти го до­ве­ду­ва­ше во пра­ша­ње иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ски­от на­род, ги до­ве­ду­ва­ше во пра­ша­ње ја­зи­кот и пис­мо­то, што и де­нес исто­то го пра­ват дел од на­ши­те со­се­ди.

Панде Колемишевски,
поранешен генерален директор на НИП „Нова Македонија“

 

Aleksandar-Florovski---intervju-Republika

Сомнителни самоубиства

Во 1993 го­ди­на же­сток кри­ти­ку­вач на то­гаш­на­та власт е но­ви­на­рот Љуп­чо Ана­ста­сов­ски, чи­ја­што на­сил­на смрт по­тре­се мно­гу­ми­на. Але­ксан­дар Фло­ров­ски, еден од учес­ни­ци­те во кре­и­ра­ње­то на овој фељ­тон, ги до­ло­ви мо­мен­ти­те за не­го по­со­чу­вај­ќи де­ка не ве­ру­ва де­ка ста­на­ло збор за са­мо­у­бис­тво.

– Чо­ве­кот што го спо­ме­ну­ва­те го знам. Сме раз­го­ва­ра­ле, ди­ску­ти­ра­ле за ма­ке­дон­ски­те ра­бо­ти, се ра­бо­ти за чо­век-па­три­от. На­вод­но, се са­мо­у­бил во ши­фо­њер, се обе­сил во не­го. Ма­жи­ште од ме­тар и 90 да се обе­си во ши­фо­њер од 1,90 см. Не­ма ло­ги­ка. По­тоа се ва­деа раз­лич­ни афе­ри за да се оцр­ни не­го­ви­от лик. Тол­ку гад­ни ра­бо­ти се из­нас­лу­шав за не­го, што не ве­ру­вав де­ка нив­на­та бе­до­ти­ја ќе оди до таа крај­ност. Бе­до­ти­ја­та на то­гаш­на­та власт. Во из­мис­лу­ва­ње и во ома­ло­ва­жу­ва­ње на ве­ќе по­чи­на­ти лу­ѓе. Тоа е пр­ва­та случ­ка што си­те нас мно­гу нѐ по­го­ди и нѐ за­гри­жи. Вли­ја­е­ше врз нас. Поч­нав­ме да раз­мис­лу­ва­ме до ка­де мо­же да одат „овие“. Со сво­и­те по­стап­ки. Да ли­кви­ди­раш чо­век и да го но­сиш на ду­ша не е ед­но­став­на ра­бо­та. Се­то тоа про­дол­жи со ни­за не­раз­јас­не­ти… де­мек, са­мо­у­бис­тва. Ете Ми­ле Или­ев­ски бе­ше еден од „осум­те­ми­на“ (слу­чај од осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век за лу­ѓе исте­ра­ни од по­ли­ци­ја­та н.з.). Чо­ве­кот се са­мо­у­би­ва со два кур­шу­ма. Чо­век или вед­наш пу­ка во се­бе или по­тоа се отка­жу­ва, пред пра­гот да го за­гу­би жи­во­тот, се пов­ле­ку­ва. Или са­мо­у­бис­тво­то на вра­бо­те­на во служ­би­те во де­лот за прис­лу­шу­ва­ње. Со ско­ка­ње под воз во Скоп­је. Мо­же да бе­ше ли­кви­ди­ра­на на стра­на, па фр­ле­на ту­ка. Ни­ко­го не об­ви­ну­вам, но вла­ста бе­ше долж­на да ја ис­пи­та оваа ра­бо­та. Мое мис­ле­ње е де­ка се ра­бо­ти за сом­ни­тел­ни слу­чаи – до­да­ва Фло­ров­ски.

 

Прием во ООН

На 8 април Македонија станува член на ООН под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“. Премиерот Црвенковски во експозето пред пратениците објаснува дека тоа не е име и затоа почнува со мала буква.

– Oчиг­лед­но е де­ка, ако Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да вле­зе во ОН, во да­де­ни­от мо­мент тре­ба да би­де упо­тре­бе­но про­ви­зор­но­то име „поранешна ју­гос­ло­вен­ска Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“. Ова ќе би­де те­шко за Ма­ке­до­ни­ја да го при­фа­ти. Ме­ѓу­тоа, се раз­би­ра, ова е, ед­но­став­но, са­мо при­вре­мен аранж­ман со кој се олес­ну­ва членс­тво­то во ОН, до­де­ка не се ре­ши овој спор. Ме­ѓу­тоа, ако се­ко­ја од зем­ји­те не е под­го­тве­на на ком­про­мис, не­ма изг­ле­ди Ма­ке­до­ни­ја да вле­зе во ОН. Од нас не се ба­ра ни­ка­ква про­ме­на на име­то, ни­ка­ква про­ме­на на Уста­вот, ду­ри ни­ту про­ме­на на при­ја­ва­та за при­ем во ОН. За да се по­ка­же де­ка не се ра­бо­ти за при­вре­ме­но име, збо­рот „по­ра­неш­на“ поч­ну­ва со ма­ла бу­ква, а не со го­ле­ма, ка­ко што би би­ло слу­чај, до­кол­ку се ра­бо­ти за име – посочи Црвенковски.

По ова тој и неговата влада „преживеаа“ гласање за доверба.