Tuesday, 20 October 5903

Мрачното време на транзицијата – 1992

1992 е пре­стап­на го­ди­на. И ка­лен­дар­ски и спо­ред слу­чу­ва­ња­та во Ма­ке­до­ни­ја, на Бал­ка­нот и на европ­ски­от кон­ти­нент. Во су­ве­ре­на Ма­ке­до­ни­ја, др­жа­ва­та прв­пат го праз­ну­ва Бо­жик. 1992 е го­ди­на ко­га европ­ски­от кон­ти­нент во Ма­стрихт се обе­ди­ну­ва во Европ­ска уни­ја, а во Бос­на и Хер­це­го­ви­на поч­ну­ва­ат вој­на­та и 4-го­диш­на­та оп­са­да на Са­ра­е­во, нај­дол­га во мо­дер­на­та во­е­на исто­ри­ја.

Тоа е и го­ди­на­та ко­га др­жа­ва­та и оп­штес­тво­то се­којд­нев­но фор­ми­раа ин­сти­ту­ции. На До­мот на ЈНА е откри­е­на пло­ча Дом на АРМ, до­не­се­на е од­лу­ка за фор­ми­ра­ње Ма­ке­дон­ска ин­фор­ма­тив­на аген­ци­ја (иа­ко пр­ва­та вест ја еми­ту­ва­ше ду­ри во 1998 го­ди­на), фор­ми­ран е Ма­ке­дон­ски олим­пи­ски ко­ми­тет, Ле­кар­ска ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја, Ко­мо­ра на при­ват­ни­от ка­пи­тал на Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ска ца­ри­на.

Тоа е го­ди­на­та ко­га ко­ми­си­ја­та на Ро­берт Ба­дин­тер во име на Европ­ска­та за­ед­ни­ца пре­се­ку­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја ис­пол­ну­ва ус­ло­ви за ме­ѓу­на­род­но приз­на­ва­ње, а иста­та за­ед­ни­ца од Ли­са­бон по­ра­ча де­ка не­ма да нѐ приз­нае под име­то Ма­ке­до­ни­ја. За да го спре­чи приз­на­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја, Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја ка­ко зем­ја-член­ка на Европ­ска­та за­ед­ни­ца из­вр­шу­ва при­ти­сок врз оста­на­ти­те зем­ји-член­ки пре­ку Ли­са­бон­ска­та дек­ла­ра­ци­ја, ко­ја за­бра­ну­ва ка­кви би­ло те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии кон Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја, не­при­ја­тел­ска про­па­ган­да или, во­оп­што, ко­ри­сте­ње на тер­ми­нот Ма­ке­до­ни­ја од стра­на на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Евро­па ги приз­на­ва Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска, но не и Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ги при­фа­ти устав­ни­те из­ме­ни ка­ко не­кој пре­дус­лов за приз­на­ва­ње.

Швер­цот со ци­га­ри чини 10 ми­ли­о­ни мар­ки

„Вла­да­та од по­че­ток на фе­вру­а­ри при­фа­ти врз ре­ци­проч­на ос­но­ва ту­тун­ски­те про­из­во­ди во дру­ги­те ре­пуб­ли­ки да се про­да­ва­ат без прес­ме­тан да­нок на про­мет… Глав­но, соз­да­де иде­ал­ни ус­ло­ви за швер­цу­ва­ње би­деј­ќи не­кои прет­при­ја­ти­ја, а по­себ­но од дру­ги­те др­жа­ви на би­вша­та Ју­гос­ла­ви­ја, со­се­ма ле­гал­но ку­пу­ва­ат ци­га­ри од „Ма­ке­до­ни­ја та­бак“ без пла­тен да­нок на про­мет и на­ме­сто за сво­и­те по­драч­ја, ги пла­си­ра­ат на на­ши­от па­зар. По двој­но по­е­вти­ни це­ни…“, пишува Нова Македонија на 22 мај 1992 година.

Весникот на 25 август, пак, пренесува барање од Управ­ни­от од­бор на ТП „Цен­тро“ Скоп­је, кој кон­ста­ти­ра де­ка по­ра­ди ма­сов­на­та не­ле­гал­на тр­го­ви­ја и шверц, „со ал­ко­хол, ци­га­ри, ка­фе, пре­хран­бе­ни про­из­во­ди, тек­стил, тех­нич­ка сто­ка, хе­ми­ски про­из­во­ди и на сѐ дру­го“, „ко­ле­кти­вот е до­ве­ден во мош­не те­шка со­стој­ба…и не ќе би­де во со­стој­ба да ги исп­ла­ти лич­ни­те до­хо­ди на вра­бо­те­ни­те.“

Во до­маш­на­та по­ли­ти­ка во оваа го­ди­на се вле­зе без пот­пре­тсе­да­тел на пре­тсе­да­те­лот отка­ко Ге­ор­ги­ев­ски под­не­се оста­вка по­ра­ди не­пре­мост­ли­ви раз­ли­ки со Гли­го­ров. Од дру­га стра­на, освен при­ти­со­кот од Гр­ци­ја за ме­ѓу­на­род­но­то приз­на­ва­ње, по­стои и еко­ном­ско отсе­ку­ва­ње од со­лун­ско­то при­ста­ни­ште, па на­фта­та и де­ри­ва­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја се до­би­ва­ат „на ла­жич­ка“. Та­ка, пред се­ко­ја бен­зин­ска пум­па се че­ка со ча­со­ви и со де­но­ви.

Еко­ном­ски­от при­ти­сок од си­те по­ра­неш­ни ре­пуб­ли­ки соз­да­де огро­мен ви­шок па­ри во Ма­ке­до­ни­ја. Тоа, пак, пре­диз­ви­ка не­ви­де­на инф­ла­ци­ја. Но, и за­гу­ба на вред­но­сти, ка­ко зла­то, се ку­пу­ва­ше и се но­се­ше над­вор.

Тоа е го­ди­на­та ко­га де­на­рот го за­ме­ну­ва ди­на­рот, ре­гру­ти­те на АРМ ги за­ме­ни­ја вој­ни­ци­те на ЈНА, се ме­ну­ва­ат др­жав­ни­те сим­бо­ли. До­де­ка стиг­ну­ва­ат приз­на­ва­ња од но­ви­те и ста­ри др­жа­ви на Бал­ка­нот, Ср­би­ја и Цр­на Го­ра ја фор­ми­ра­ат СР Ју­гос­ла­ви­ја, а ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ја ста­ва под ем­бар­го. Тоа до­пол­ни­тел­но ја тур­ка­ше еко­но­ми­ја­та на­до­лу би­деј­ќи две тре­ти­ни од еко­но­ми­ја­та бе­ше по­вр­за­на со ре­ги­о­ни кои се­га се под ем­бар­го или вој­ни.

Си­те тие со­стој­би отво­ри­ја не­ле­гал­ни па­ти­шта за соз­да­ва­ње не­кои но­ви биз­ни­си и биз­нис­ме­ни во Ма­ке­до­ни­ја. Се швер­цу­ва­ше на­фта, ше­ќер, ка­фе, ци­га­ри. И тоа во два­та прав­ци. И тоа со зна­е­ње и вме­ша­ност на вла­ста. Ду­ри и оруж­је.

На 20 октом­ври 1992 го­ди­на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ пре­не­су­ва за суд­ски слу­чај за шверц со оруж­је (во кој, се­пак, глав­ни­те акте­ри се во бег­ство), па об­ја­ву­ва: „Слу­ча­јот со вне­су­ва­ње на пу­шки­те ’ма­ве­рик’ од Гр­ци­ја во на­ша­та зем­ја, по откри­ва­ње­то бе­ше оз­на­чен ка­ко нај­го­лем откри­ен швер­цер­ски син­џир на овие про­сто­ри. Во ме­ѓу­вре­ме, за­ра­ди про­цу­тот на швер­цот со оруж­је на те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, таа го за­гу­би во­деч­ки­от при­мат…“

Ми­љо­ски: При­ва­ти­за­ци­ја­та ќе го сме­ни це­ли­от си­стем

Во по­че­то­кот на ле­то­то ве­ќе се ди­ску­ти­ра за „транс­фор­ма­ци­ја на оп­штес­тве­ни­те прет­при­ја­ти­ја“, од­нос­но за при­ва­ти­за­ци­ја. Иа­ко си­те се сог­лас­ни де­ка та­кво не­што е по­треб­но… се ба­ра и ли­ста на оние пра­те­ни­ци, ми­ни­стри и функ­ци­о­не­ри што ве­ќе има­ат ак­ции. Ја­не Ми­љов­ски во екс­по­зе­то по пред­ло­гот вели де­ка тој за­кон не тре­ба да се тре­ти­ра ка­ко оби­чен „би­деј­ќи ста­ну­ва збор за акт од иск­лу­чи­тел­на важ­ност кој дра­ма­тич­но тре­ба да го из­ме­ни це­ли­от еко­ном­ски и сто­пан­ски си­стем на Ма­ке­до­ни­ја и да ре­зул­ти­ра со по­ди­га­ње на жи­вот­ни­от стан­дард на на­се­ле­ни­е­то“.

Но­ви­те еко­ном­ски со­стој­би, со бло­ка­ди од ју­гот и за­тво­ре­ни гра­ни­ци на се­ве­рот, глав­ни­от из­воз на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја, пре­диз­ви­ку­ваа и де­но­ви без леб, без мле­ко или без ме­со. Са­мо ри­гид­на­та ан­ти­инф­ла­ци­ска про­гра­ма го сми­ру­ва ог­нот – со опре­де­лу­ва­ње на нај­ви­со­ки­те це­ни за ос­нов­ни­те пре­хран­бе­ни про­из­во­ди.

Па­ке­тот еко­ном­ски ре­фор­ми и за­мрз­ну­ва­ње­то на пла­ти­те се по­би­е­ни со изг­ла­су­ва­ње пра­те­нич­ки пред­лог за око­лу 40-про­цент­но зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те. На­бр­гу по­тоа па­ѓа и вла­да­та на Кљу­сев. ВМРО-ДПМНЕ не за­ста­ну­ва зад неа би­деј­ќи це­ло вре­ме твр­ди де­ка таа не е „вмров­ска вла­да“. Отка­ко Пе­тар Го­шев со до­го­во­ре­на ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја го вра­ќа ман­да­тот за­ра­ди тоа што му би­ле на­мет­ну­ва­ни ка­дров­ски ре­ше­ни­ја, пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров ман­да­тот за фор­ми­ра­ње вла­да по­втор­но му го до­ве­ру­ва на СДСМ, од­нос­но на Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Тој го при­фа­ти и на пре­ми­ер­ско­то ме­сто оста­на до 1998 го­ди­на.

1992 е и го­ди­на­та ко­га афе­ра­та „Си­на пти­ца“ ја по­тре­су­ва јав­но­ста, а ни­за лич­но­сти ста­ну­ва­ат цел на сле­де­ње на тај­ни­те служ­би. СДСМ ја зе­де комп­лет­на­та власт во свои ра­це, по­ли­ци­ја­та се опре­му­ва со очи­ла за сон­це „реј бан“ и со па­рад­ни ко­њи – ли­пи­ца­не­ри. 1992 го­ди­на уште дол­го ќе се спо­ме­ну­ва ка­ко го­ди­на на За­ко­нот за др­жав­јанс­тво, со кој по­пу­ла­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја на­рас­ну­ва за но­ви 150 ил­ја­ди.

 

feljton3-1992-109-1

Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски: За­гу­бе­но вре­ме за ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја

Во 1992 го­ди­на е во­ве­де­но ем­бар­го кон СРЈ и поч­ну­ва кр­ше­ње­то на ем­бар­го­то од што мно­гу­ми­на про­фи­ти­раа.
Ге­ор­ги­ев­ски: Сме­там де­ка тоа е ед­но за­гу­бе­но вре­ме за ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја. Ка­ко ВМРО- ДПМНЕ бев­ме наб­љу­ду­ва­чи на си­те тие про­це­си, глав­ни игра­чи беа од СДСМ. Ние имав­ме не­кои по­лу­ин­фор­ма­ции де­ка се слу­чу­ва се­то тоа. Но, по­тај­но се на­де­вав­ме де­ка си­те тие па­ри, цел тој шверц, се пра­ват со не­кој ин­те­рес за Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко бу­џет, ка­ко де­виз­ни ре­зер­ви, ка­ко др­жав­на еко­но­ми­ја, да се по­пра­ви тоа што бе­ше оста­на­то од оној прет­хо­ден гра­беж од Ју­гос­ла­ви­ја, кон­крет­но од Ср­би­ја кон Ма­ке­до­ни­ја. По­тоа из­ле­зе де­ка це­ла­та при­каз­на би­ла оти има­ме фир­ми што се збо­га­ти­ле при­ват­но, не­кои по­е­дин­ци на­пра­ви­ле па­ри…

Кои беа ин­вол­ви­ра­ни во тоа?
Ге­ор­ги­ев­ски: Вла­ста во Ма­ке­до­ни­ја, оние кои ја кон­тро­ли­раа гра­ни­ца­та. Од гра­ни­ца­та, до по­ли­ци­ја­та. Глав­ни­от биз­нис бе­ше на­фта­та, но јас се се­ќа­вам де­ка се швер­цу­ва­ше бу­квал­но сѐ. Ше­ќер, ка­фе, ци­га­ри, сѐ што од де­не­шен ас­пект е смеш­но.

Во 1993 го­ди­на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца опо­ме­ну­ва за швер­цот и за кр­ше­ње­то на ем­бар­го­то. За кол­ка­ви су­ми се ра­бо­те­ло?
Ге­ор­ги­ев­ски: Не мо­жам точ­но да знам би­деј­ќи мно­гу од тие до­ку­мен­ти беа уни­ште­ни. Да ве по­тсе­там, че­сто има­ше по­жа­ри, во ца­ри­на, во ае­ро­дром. Та­ка се уни­шту­ваа до­ку­мен­ти­те. Се се­ќа­вам, по­доц­на еден служ­бе­ник во Ца­ри­на нај­де до­ку­мент со спи­сок за из­воз на на­фта. Во не­го има­ше не­ве­ро­јат­ни су­ми за из­воз на на­фта од Ма­ке­до­ни­ја. Ду­ри, што бе­ше ин­те­рес­но, има­ше из­воз на на­фта од Ма­ке­до­ни­ја во Нор­ве­шка, од нај­го­ле­ми­те про­из­во­ди­те­ли на на­фта, од око­лу 200 ми­ли­о­ни до­ла­ри. Ве­ро­јат­но то­гаш тоа не го зна­ел не­кој.

Но, швер­цот е по­ве­ќе на­со­чен кон Ма­ке­до­ни­ја, не обрат­но. По­крај швер­цот кон Ср­би­ја, се швер­цу­ва­ше и кон Ма­ке­до­ни­ја. Не се пла­ќаа ца­ри­ни, ни да­нок на про­мет (се­гаш­но ДДВ), и има­ше страш­на ева­зи­ја на се­то тоа.

Пар­ла­мен­тот во 1992 го­ди­на де­ба­ти­ра­ше за по­тре­ба­та од при­ва­ти­за­ци­ја­та.
Ге­ор­ги­ев­ски: Пра­ша­ње­то е зо­што лу­ѓе­то што ги при­ва­ти­зи­раа ком­па­ни­и­те, а во нај­го­лем дел беа при­пад­ни­ци на Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја, де­нес, по 23-24 го­ди­ни, ги не­ма­ат тие фир­ми. Се­кој што, ма­кар и во тоа мат­но вре­ме, зел фир­ма и ја за­др­жал до ден-де­нес, за ме­не е до­бар биз­нис­мен. Се­кој што зел и ја уни­штил, тре­ба да би­де ста­вен на ѕи­дот на сра­мот. Се­то дру­го мис­лам де­ка е од­дам­на за­вр­ше­но. Факт е де­ка се на­пра­ве­ни мно­гу мал­вер­за­ции и де­ка има­ше ма­кси­мал­но изи­гру­ва­ње на ра­бот­нич­ка­та кла­са, иа­ко, де­мек, им да­доа не­ка­кви ак­ции.

Ка­де оти­доа тие ак­ции?
Ге­ор­ги­ев­ски: Мо­же да за­мис­ли­те ко­га ние ду­ри во 1998/99 го­ди­на ја сме­нив­ме од­лу­ка­та со ко­ја ра­бот­ни­кот мо­же да ги про­да­де тие ак­ции ко­му са­ка. Прет­ход­но мо­же­ше да ги про­да­де са­мо на ге­не­рал­ни­от ме­на­џер. И тоа тра­е­ше до 1998 го­ди­на. И ве­леа „има­ат ак­ции“.

Ду­ри би­ле да­ва­ни на чу­ва­ње кај ди­ре­кто­рот.
Ге­ор­ги­ев­ски: Ва­же­ше пра­ви­ло­то де­ка ди­ре­кто­рот упра­ву­ва со нив­ни­те ак­ции. Вто­ро, ва­же­ше пра­ви­ло­то ако ак­ци­ја­та вре­ди 100 мар­ки, ти ја отку­пу­ва за 5, со при­ти­сок за­тоа што, не­ли, „не вре­ди“. Да не збо­ру­ва­ме за тран­зи­ци­ски­те игри. Ди­ре­кто­рот да­ва ка­ко хи­по­те­ка де­ло­ви од фир­ма­та, а бан­ка­та му да­ва ли­чен кре­дит за да мо­же да си ку­пи ак­ции. Се­дум­де­сет про­цен­ти од при­ва­ти­за­ци­ја­та е на­пра­ве­на на тој на­чин.

Да­ли се обез­вред­ну­ваа ком­па­ни­и­те на­мер­но за да мо­жат да би­дат ку­пе­ни?
Ге­ор­ги­ев­ски: Да, обез­вред­ну­ва­ње­то е дел од таа при­каз­на ако ком­па­ни­ја­та е со го­ле­ма моќ . Пр­во, се кра­деа фир­ми­те со лаж­ни до­го­во­ри за дел од ме­на­џер­ски­от тим да има кеш и во вто­ра фа­за да ку­пи по­ве­ќе ак­ции. Но, та­ка ја ос­ла­бу­ваа еко­ном­ска­та моќ на фир­ма­та и ја фа­ќа­ше ви­те­лот на про­па­ѓа­ње­то. Ту­ка до­пол­ни­тел­но дој­доа, не се се­ќа­вам на го­ди­ни­те, ед­ни бан­кар­ски ка­ма­ти кои беа по 100 про­цен­ти или по 200 про­цен­ти на го­диш­но ни­во и та­ка бан­ки­те на­пра­ви­ја до­пол­ни­те­лен удар на фир­ми­те и ед­но­став­но кра­хот на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја бе­ше ја­сен.

Во 1992 го­ди­на поч­ну­ва­ат на­ба­вки­те на очи­ла, ко­њи и умет­нич­ки сли­ки за по­ли­ци­ја­та до ме­ди­цин­ска опре­ма преп­ла­те­ни и по не­кол­ку па­ти…
Ге­ор­ги­ев­ски: Не знам точ­но ни­ту ка­ко му бе­ше име­то на тој за­кон. Но, знам де­ка во 1999 го­ди­на до­не­сов­ме нов за­кон во кој беа по­ста­ве­ни мно­гу јас­ни пра­ви­ла за тоа што зна­чи јав­на на­ба­вка. Но, со тој за­кон беа мно­гу ши­ро­ко де­фи­ни­ра­ни пра­ви­ла­та за на­ба­вка. Ги не­ма­ше тие пра­ви­ла на над­да­ва­ња, тен­де­ри. Се­то тоа е на­пра­ве­но по 1998 го­ди­на.

Не­кој ќе ре­че: „Зо­што не сте ги го­не­ле по­доц­на?“. Па, та­ков бил за­ко­нот, за­кон­ски беа по­кри­е­ни. Ве­ро­јат­но тие ра­бо­ти кул­ми­ни­раа во пер­и­о­дот 1994-1998 ко­га ВМРО-ДПМНЕ и Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја го бој­ко­ти­раа пар­ла­мен­тот. СДСМ бе­ше за­до­во­лен сам со се­бе, вла­де­е­ше за­ед­но со Ли­бе­рал­на­та пар­ти­ја во таа ко­а­ли­ци­ја и мис­ле­ше де­ка тоа ни­ко­гаш не­ма да за­вр­ши.

 

feljton3-1992-109-2

Афе­ра „Си­на пти­ца“

Во 1992 го­ди­на из­ле­гоа на ви­де­ли­на афе­ри­те „Дув­ло“ и „Си­на пти­ца“. Со опе­ра­ци­ја­та. За вре­ме на вла­де­е­ње­то на СДСМ во 1992 го­ди­на не­ов­ла­сте­но беа прис­лу­шу­ва­ни и сле­де­ни функ­ци­о­не­ри на ВМРО-ДПМНЕ. Во „Си­на пти­ца“ то­гаш­на­та Служ­ба за др­жав­на без­бед­ност ко­ри­сти и прис­лу­шу­ва­ње и ин­фил­три­ра­ње за да „на­ме­сти” при­пад­ни­ци на ВМРО-ДПМНЕ во вна­треш­но­ста да фор­ми­ра­ат па­ра­во­е­на фор­ма­ци­ја.

– „Си­на пти­ца“ бе­ше кон­струк­ци­ја на одре­де­ни стру­кту­ри во служ­би­те. Ос­но­ва­та бе­ше да се на­пра­ви па­ра­во­е­на стру­кту­ра во рам­ки­те на ВМРО-ДПМНЕ и во одре­де­на фа­за да се иском­про­ми­ти­ра ВМРО-ДПМНЕ ка­ко по­ли­тич­ка пар­ти­ја – ана­ли­зи­ра Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски за „Ре­пуб­ли­ка“.

Не­што слич­но ка­ко што ѝ на­пра­ви­ја на ПДП ко­га ге­не­рал­ни­от се­кре­тар и се­ри­ја вид­ни лу­ѓе на ПДП беа за­тво­ре­ни за­тоа што пра­ве­ле па­ра­во­е­ни стру­кту­ри. То­гаш ПДП бе­ше иском­про­ми­ти­ра­на. Не знам зо­што СДСМ ја иском­про­ми­ти­ра ПДП ко­га тие им беа ло­ја­лен со­јуз­ник. Но, на­ме­ра­та за нас бе­ше мно­гу јас­на, бев­ме гла­вен и де­фи­ни­ран по­ли­тич­ки про­тив­ник и со афе­ра­та„ Си­на пти­ца“ ВМРО-ДПМНЕ тре­ба­ше да се про­мо­ви­ра ка­ко те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја.

Ту­ка глав­ни игра­чи беа Ве­лич­ков­ски (До­бри Ве­лич­ков­ски, по­ра­не­шен ди­ре­ктор на Служ­ба­та за др­жав­на без­бед­ност и кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње) и Млек­це­то (Дра­ган Стој­ме­нов­ски-Млек­це), но не ве­ру­вам де­ка СДСМ, и осо­бе­но Ки­ро Гли­го­ров, не зна­ел за це­ла­та таа ра­бо­та. Та­ка што, оваа афе­ра е мно­гу моќ­на за­тоа што со­др­жи по­ли­тич­ка кри­ми­нал­на ди­мен­зи­ја, не е тоа обич­но прис­лу­шу­ва­ње, тоа е ор­га­ни­за­ци­ја за да раз­бие ед­на по­ли­тич­ка стру­кту­ра. И тоа во мо­мент на де­мо­кра­ти­за­ци­ја.

Але­ксан­дар Фло­ров­ски, то­га­шен пра­те­ник на ВМРО-ДПМНЕ и дол­го­го­ди­шен член на Ко­ми­си­ја­та за над­зор на служ­би­те, до­ста­ви до „Ре­пуб­ли­ка“ сто­ти­на до­ку­мен­ти и транс­крип­ции од сни­ме­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри.

– „Си­на пти­ца“ е ини­ци­јал­на ка­пис­ла ко­га поч­на обра­бо­тка­та на си­те чле­но­ви на ВМРО-ДПМНЕ кои по­ка­жу­ваа мал­ку по­ве­ќе хра­брост, а тие го на­ре­ку­ваа ма­ке­дон­ски ек­стре­ми­зам, на­ци­о­на­ли­зам, вр­хо­ви­зам и те­ро­ри­зам. Но, ба­раа образ­ло­же­ние за опе­ра­тив­ни ак­ции про­тив на­ве­де­ни­те лу­ѓе, ме­ѓу кои сум и јас. Во ак­ци­ја­та „Па­ва­ро­ти“, па ак­ци­ја­та „Авто­мо­бил“, што се од­не­су­ва на атен­та­тот врз Ки­ро Гли­го­ров.

Би­ло сле­де­но и се­ди­ште­то на ВМРО-ДПМНЕ, ле­ги­тим­на пар­ла­мен­тар­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја во опе­ра­ци­ја „Те­мел“. Спро­ти нас бе­ше хо­тел „Ту­рист“, а ед­на од со­би­те по­сто­ја­но бе­ше на ДБК. Се сни­маа си­те што вле­гу­ваа, се прис­лу­шу­ваа, де­ње-но­ќе беа обра­бо­ту­ва­ни. На при­мер, Па­ун из­ле­гол со Ле­ди (До­ста Ди­мов­ска) во тол­ку и тол­ку, за­ми­на­ле по таа мар­шру­та… Си­те под псев­до­ни­ми. Има и сни­ме­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри, сѐ што мо­же­ше да се упо­тре­би про­тив ВМРО-ДПМНЕ е сни­ме­но, па сим­на­то на хар­ти­ја и до­ста­ве­но до ми­ни­стер, до на­чал­ник, за­ме­ник-на­чал­ник, тој што го да­ва пред­ло­гот, па се ми­кро­фил­му­ва­ни. Дел од нив за­вр­шу­ва­ат во при­ват­ни ар­хи­ви. Дел се уни­шту­ва­ни. На при­мер, мо­е­то до­сие го не­ма, а по­ло­ви­на од до­си­е­то на Фи­лип Пе­тров­ски е за ме­не – ве­ли Фло­ров­ски.