Monday, 23 October 2017

Македонците сакаат да си останат Македонци, без друг епитет

Францускиот истакнат социјалист и општественик од македонско потекло Пол Аргиријадис (1849 – 19010 во врска со решавањето на македонското прашање ја препорачува автономијата и независноста на Македонија, при што – како што вели тој, Македонија од јаболко на раздор ќе стане алка за зближување и слога меѓу претендентите над Македонија – Грција, Бугарија и Србија.

Малите држави – грчката, бугарската и српската, спорат за приграбување на Македонија, служејќи се со сите видови доказателства, шовинистички и историски, измислени за поткрепа на нивните интереси,при што не се забележува дека, ако се базираме на историската правда, побргу Македонија треба по право да ги поседува тие земји што сакаат да ја голтнат, бидејќи таа самата порано ги завладувала и господарувала.

Македонците не можат а да не бидат благодарни спрема оние кои ќе им помогнат на нивното ослободување. Но, не треба помошта на нивнате браќа Грци, Бугари или Срби да ги чини едно ново угнетување. Македонците сакаат да си останат Македонци, без друг епитет, за да ја зачуваат за себе нивната убава Македонија, нејзе че и дадат по ослободувањето од турското ропство институции сообразно со политичкиот и социјалниот прогрес. Решавањето на македонското прашање преку независност, автономија и федеративен режим се наложува како најсправедливо…

Пол Аргаријадес – Македонија, 1896