Закопана мистрија – Курбиново

Закопана мистрија – Уметноста на тлото на Македонија – Курбиново
Манастир „Св. Ѓорѓи” – Курбиново
Телевизија Скопје – Редакција за култура и уметност
уредник на серијата: Глигор Чемерски
сценарио и текст: Цветан Грозданов
композитор: Ристо Аврамовски
текстот го чита: Иван Антонов
снимател: Бранко Давковски
режија: Душан Наумовски

Манастирската црква “Св. Ѓорѓи„ се наоѓа во атарот на село Курбиново, Преспа во непосредна близина на Преспанското Езеро на магистралниот пат Битола – Ресен, некогашниот римски пат Вија Игнација, кај крстосницата „Маказа”, се одделува пат за преспанските села, под планината Баба позната уште и како Пелистер. Кај селото Асамати, пак, патот се дели и еден крак води кон селото Курбиново. Црквата се наоѓа на околу три километри над селото, во пазувите на Баба. Околината низ која минува патот, кој е одвај 4- метра, не е толку живописна, колку величествениот поглед кон планината и особено панорамата на волшебното и речиси секогаш мирното Преспанско Езеро. Црквата “Св. Ѓорѓи” е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17 метри и широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија. На западната страна нема нартекс (двор каде се собираат верниците). Има два влеза и изградена е од камен а помалку од тули. Ктиторската композиција на надвратникот не е во целост зачувана. Зачувани се само две свети лица и ктиторот со ссемејството. Но од ктиторот и семејството е останат смао фрагмент од чевлите, според кои чевли е дојдено до заклучок дека овој ктитор припаѓа на световната (побожна) аристократија.

Црквата е изградена во 1191 година (12 век), што се гледа од натписот над олтарот. За време на владеење на Исак II Ангел. Црквата се карактеризира со специфичен начин на обработка на фасадите, денес видлив само во долните делови на западниот и јужниот ѕид. По изведбата на ѕидовите било изведено малтерисување и боење на фасадите со цел да се постигне побогат изглед. Ваквиот начин на обработка е пристигнат преку византиската градителска традиција. Црквата Св. Ѓорѓи своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фрескоживопис. Фреско-живописот од дванаесеттиот век е сочуван скоро во целост, освен уништениот дел од претставите во првата зона на северниот ѕид и дел од јужниот, како и горниот дел од третата зона.
Живописувањето на црквата започнало на 25 април 1191 година. Фреските се едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески што од тој период допираат до нас. Сегмент на фреската на Светецот Архангел Гаврил „Ангелот од Курбиново” од оваа црква се наѓа на позадината на банкнотата од 50 македонски денари.

Leave a Reply