Saturday, 19 August 2017

Де ла Трокиер и Ангиолело

Извесниот европски патешественик Де ла Трокиер уште во 14ти век зборува за Македонци како главно население на Македонија и реско ги разликува од Грците, Бугарите и Србите. Исто така и венецијанскиот офицер од морнарицата Ангиолело, кој по силата на околностите, патувал низ Македонија во правец на Цариград, ги разликува Македонците од Грците.

Ангиолело пишува – Заминувајќи од Солун на 12ти август 1470тата година, Големиот господар застана на една планина наречена Богдана. На другиот ден се стационира во близина на еден град, наречен Серес. На 14ти од месецот застана во близина на Света Гора, планина на која се наоѓаат многу манастири и христијански калуѓери, од кои некои се Грци, а некои Македонци или Власи…

На 16ти август Големиот господар застана на една рамнина во близина на реката наречена Црна Вода, а потоа на другиот ден се стационира во близина на морскиот Залив. Тука живеат Грци и Македонци. На 20ти август замина од Ѓумулџина и преноќуваше на билото на една планина наречена Дерио. Тука има две поголеми градчиња населени од Македонци…

(од еден патепис на Ангиолело, офицер на венецијанската морнарица стационирана во Евија, Грција, заробен од турската војска и преку Македонија воден за Цариград во август 1470та година)

извор