Велигденската мисија на Гоце Делчев (1895та година)

Велигденската мисија од 1895 година преставува поголема обиколка на Македонија во име на Македонската револуционерна организација од страна на Гоце Делчев и Туше Делииванов.

Нивната задача е зацврстување и проширување на организациската мрежа, формирање на нови револуционерни комитети низ Македонија, зачленување на нови дејци и собирање на пари во името на Централниот комитет за потребите на организацијата. Во текот на оваа обиколка, Гоце Делчев и Туше Делииванов ги посетиле Велес, Солун, Кукуш, Дојран, Гевгелија, Струмица и Радовиш.

Во Солун на првиот ден од Велигден имале средба со Христо Татарчев од оваа средба тие си заминале разочарани и со впечаток дека работите во Солун подзаспале.

Од Солун тие заминале за Кукуш каде што во организацијата покрстиле 15 члена. Меѓу нив биле: Кољо Бучков, Христо Хаџи Дељов, Христо Влахов, Ицо Волчов, Гоце Икономов, Гоце Бојаџиев, Туше Гугушев и други. Тогаш во организацијата била примена и сестрата на Делчев, Руша Делчева и таа се вброила меѓу првите жени членови на организацијата. За време на престојот во Кукуш, тие собрале 300 лири за ЦК на Организацијата.

За време на оваа мисијата Делчев се запознал со Аргир Манасиев. Манасиев во учебната 1894/1895 и учебната 1895/1896 бил учител во селата Негован и Ново Село – солунско и тој бил зачленет во организацијата со што дополнително на кадровски план организацијата била засилена во солунско.

Од Кукуш, Делчев заминал во Дојран. Во врска со посетата на овој град постојат полемики дали тогаш бил формираан комитетот или тој од порано егзистираал. Имено Христо Андонов Полјански смета дека комитетот во Дојран постоел уште од крајот на 1894 година, а негов раководител бил Андон Костов. Како и да е со доаѓањето на Делчев во Дојран бил даден дополнителен импулс за зацврстување на организацијата во дојранско.

Отаму Делчев се нашол во Гевгелија каде останал 4 дена и притоа го формирал револуционерниот комитет. Први членови на комитетот во Гевгелија биле: Илија Докторов, Хаџи Нако, Андон Динков, Томе Бајалциев и велешанецот Никола Бојаџиев кои воедно станал и раководител на овој комитет.

За време на оваа мисија Делчев ги поставил и темелите на организацијата во Струмица. Меѓу првите членови на организацијата бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиље. Со оваа мисија Делчев и Туше Делииванов успеале да ја зацврстаат организацијата во овој дел на Македонија.

 

 

Leave a Reply