Tuesday, 19 September 2017

Бела Ѓурѓа

Шила Ѓурѓа д’лга саја,
Ѓурѓа мори,
От Митровден до Ѓурѓовден,
Дванадесет терзифчина,
Тринадесет шегарчина,
И пак саја не шиена.
Кога дојде ден Велигден,
Сите моми променати,
Сите моми с д’лги саја,
Бела Ѓурѓа што к’таден.
Које беше оженато,
Жената си оставаше,
Тук да земит бела Ѓурѓа;
Које беше неженато,
Пушката си продаваше,
Тук да земит бела Ѓурѓа.

Зборник на Миладиновци