Monday, 19 October 5418

За сè постои објаснување

Гонев Ѓоре и Трајков Петар – ОРБЕЛО

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот!

Велат дека за секое нешто или појава во светот постои научно објаснување. Сите човечки доблести – љубовта, мудроста, трпеливоста, па дури и жртвата на човекот можат да се објаснат со неговиот ген и воспитувањето. Некои приврзаници на ваквото учење, дури, велат дека можат да ја објаснат просветленоста на одредени луѓе, и тоа како надминување на нарцисоидноста и победата на стравот од смртта. Можеби е така. Јас пак, не верувам во скриени својства на длабочините на човековата природа. Доблесноста на човека му е дар од Бога исто како и животот.

Човештвото може да ги имитира доблесните културни форми за однесување по инерција на вековите, но ако немаат извор длабоко во човекот, ќе исчезнат во времето. Не е доволно да се победи стравот од смртта. Треба да се победи самата смрт. Ако немаш страв божји, нема да имаш мудрост, а без неа не можеш да се откажеш од страста, славата и парољубието, што е првиот чекор на оставањето на себе и одењето кон вистинско просветлување и кон обожувањето. Кога демонот ќе престане да те измачува од внатре, ќе добие умосрдечна молитва – тој ќе биде просветлен.

Понекогаш работите ги дознавам на сосема случаен начин. Како претскажување, како знак на она што ќе се случи. Можеби е интуиција, меѓутоа јас верувам во тоа дека Бог ги сака луѓето кои се храбри и им помага во нивната работа…

страна 100, 101