Тибетски огледала го стеснуваат и рашируваат времето

Мистериозни камени “огледала” и пирамиди беа откриени во Тибет од руски истражувачи. Тие се поврзани преку строга математичка закономерност со Египет и Мексико, а исто така и со Велигденските Острови, комплексот Стоунхенџ и Северниот Пол.

Руски истражувачи, предводени од светскиот офталмолог проф Ернст Мулдашев, се вратија од уште една експедиција на Тибет. Тие наишле на 37 пирамиди и други антички монументи, ориентирани сосема точно според четирите географски правци. Пирамидите се распоредени околу т.н. Света планина Кајлаш која е паралелна на Хималаите и исто така е со пирамидална форма. Според првичните пресметки висината им се движи од 110 до 1812 м (на Кеопсовата пирамида е само 146,6 метри). Истражувачите сметаат дека овие наоди се само дел од легендарниот Град на боговите.

 

“Според античка тибетска легенда во далечното минато, пред да се случи големиот потоп, кога Северниот пол се наоѓал на друго место, на Земјата се појавиле синови на боговите кои, користејќи ја силата на петте елементи изградиле град, кој покажал големо влијание на земниот живот”, објаснува проф Мулдашев. Пред неколку години индиски монах му покажал фотографија на светата планина Кајлаш и тој оттогаш немал мир. “Штом ја видов фотографијата, извикав дека тоа всушност е огромна пирамида, сличноста беше одлична”, се сеќава Русинот. Непалски и тибетски свештеници ги предупредиле дека во оваа зона дејствуваат тантрички сили и дека пристап до неа имаат само посветените во нив. Луѓето и истражувачите требало да одат по строго одредена патека, за да не настрадаат. Патниците ги послушале предупредувањата. Страв лозје чува – знаеле за чудната смрт на четворица алпинисти, кои се обиделе да го искачат врвот на пирамидата Кајлаш и починале од непозната болест неколку години по ризичниот експеримент.
“Не жалам што постапивме така, и откако го обработивме материјалот собран за време на експедицијата, разбравме дека меѓу тибетските пирамиди има огромни камени “огледала”, од кои некои се со вдлабната, а други со испакната површина – според нас задачата им е да го стеснуваат и разтегнуваат времето”, додава проф Мулдашев.
Премногу можно е смртта на споменатите алпинисти да се должи токму на “огледалата”, чија височина е импресивна – од 350 до 1770 метри. Важна подробност: дел од тибетските пирамиди имаат дополнителни “огледала”, кои веројатно акумулираат енергија емитирана од останатите, ја испраќаат во земјината атмосфера и оттаму – во вселената. Очигледно градители на пирамидите ги познавале одлично законите на физиката. Какви се тие градители? Учесниците во експедицијата претпоставуваат дека тоа се претставници на високо развиена цивилизација. Оваа цивилизација навистина била “на ти” со антигравитацијата штом успеала да се справи со преместувањето на огромните камени блокови, од кои се направени пирамидите и “огледалата”. Веројатно токму антигравитацијата е силата на петте елементи опишана во споменатата античка египетската легенда. Некои околности и факти покажуваат дека мајстори на тибетските пирамиди се оние од Атлантида.
Истражувачите утврдиле дека ако земјината топка се продупли со имагинарна оска
почнувајќи од главната тибетанска пирамида – планината Кајлаш, другата прободена точка ќе е токму кај Велигденските Острови каде што, како што е познато, има огромни мистериозни камени човечки фигури. Ако пак Кајлаш се соедини со меридијани со египетските пирамиди, продолжението на оваа линија повторно води кон Велигденските Острови. Уште една зависност: продолжението на линијата, ги поврзува Велигденските остров со мексиканските пирамиди, доаѓа до Кајлаш и е еднакво точно на една четвртина од меридијаните Велигденски Острови -Кајлаш.
Според најновите пресметки висината на светата планина е околу 6666 метри. Од неа до Северниот пол растојанието исто така е 6666 метри. Толку е и растојанието од Северниот Пол до Кулата на ѓаволот – најголемата атракција на американската сојузна држава Вајоминг, која претставува камен објект со чудно правилна форма – солидна пирамида со висина 290 метри. Според античка локална легенда пред многу години на ова место од небото паднала огнена кола, од која излегле пет суштества. Дојдените личеле на луѓето на Земјата иако биле доста повисоки од нив, и се држеле пријателски. Токму тие ја изградиле Кулата на ѓаволот. По некое време од небото дошла друга огнена кола, тие влегле во неа и заминале.
Случајни ли се споменатите математички зависности? Кому е потребен триаголник Кајлаш – Северен Пол – Кулата на ѓаволот, чии растојанија се еднакви – по 6666 метри? Ако сето тоа е  креирано намерно, кој е авторот на оваа идеја? Луѓе? Вонземјани? Дали и какви суштества патувале со огнените коли? Овие прашања засега немаат одговори.

 

– од Горан ДИНЕВ 

1 Comment

Leave a Reply