Friday, 19 October 8068

Последната номадска етничка група Каракачани

Тенда – ( Shelter ) – Документарец – Ацо Петровски (1955)
Филм од 1955 година , во времетрање од 18 минути.
Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во црно бела техника
Производство:
Вардар филм – Скопје

Содржина:
Филмот зборува за животот на последната македонска номадска етничка група Каракачани. Нивните предци, потомци на Трако-Илирите, предводени од ќајата Папуцороши, уште во 18 век се повлекувале од Грамос, минувајќи ги македонските планини. Се населиле на подножјето на планината Осогово, во селото Врбица, Кочанско. Тие денес можат се видат облечени во црно, во пазарните денови во градовите низ Источна Македонија. Познати се и како: Армани, Каравласи, Каракачани, Цинцари или Власи, како што се наречуваат самите. Напролет, пред да почнат да ги издигаат стадата во планините, ги стрижат овците и изработуваат ракотворби за домашни потреби. Додека се во планините, се занимаваат со преработка на млекото. Живеат наполно номадски живот, селејќи се во потрага по подобри пасишта. Зимскиот период го минуваат во потоплите предели, во долината на реката Вардар. Филмот ги опишува нивните обичаи и носии, а воедно целокупниот начин на живеење.