Орбело – лозата на Давид

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот!

Огнот растопи многу човечки лица. Ги разлеа системите, но не успеа да го изгори најголемото зло. Негирањето на идентитетот го чини минатото подеднакво неизвесно како иднината. Неспокој што еднакво го бразди лицето на човекот. Само луѓето кои припаѓаат на една иста култура можат едни од други на лицето да си го прочитаат длабокиот неспокој и мачнината на животот. – стр11

Некои од нив беа застанати пред големата слика што домаќинот ја беше добил на подарок од некоја уметничка галерија во Париз. На нивнте лица го читав нивниот восхит и испитувачките погледи кон деталите на сликата. На сликата беше претставен бел кит кој застрашувачки излегуваше од морето, и кој во телото личеше на некаков огромен инсект што испушташе оган од устата. Имаше и огромен змеј во црна, зелена и црвена боја кој слегуваше од планината да се судри со животното што излегува од морето. Устата на китот беше отворена како да сака да го проголта целото копно, а змејот беше разјарен и се обидуваше да го одбрани копното. – стр43

Погледнете – овде се претставени и неколку парчиња земја. Тоа се митските Хипербореја, Лемурија и Атлантида.

Ние, Македонците не можеме да бираме каде да припаѓаме. Тоа е во нашата природа. Особено не ние кои живееме овде во Македонија. Европа и Азија биле царството на Александар Македонски, неговото тежнеење кон истокот и обединување на копното и морето.

Припаѓаме на духовно општество, се издвојуваме од припадниците на морската цивилизација која се базирала врз либерализам и неморал, хтонски божества кои излегувале од водата; се издвојуваме од припадниците на воздушната псевдомонархија на Луцифер, но се издвојуваме и од копнената цивилизација ако тоа значи поклонување на подземните сили. Четирити елементи – земја, вода, воздух, оган – се основни, но Духот ги обединува. За таква Евроазија ви зборувам.  Секоја субелементарна филозофија ни е туѓа, иако можеби Атлантите ни ја наметнуваат како субкултура.

– Атланти, постојано го употребувате тој термин. Што значи тоа?

Знаеш дека во Библијата се вели дека на почетокот, а и подоцна имало џинови. Нефилими. Поради мешање со проколнатите потомци на Каин, и подоцна со оние на Ханан, се изродиле џиновите. Се смета дека тие ги одвратиле народите од верата во Бога и пропоцедале религија поврзана со предпотопските демони. Нивните движења и историскиот развој се обидувале да го објаснат повеќе видни умови кои за себе велат дека ќе бидат лесно разбрани од слободните ѕидари. Џиновите се раздвоиле географски, а можеби и расно. Додека едни се упатиле кон внатрешноста на континентите, другите го населиле крајбрежјето на средоземното море и во зависност на силата од која се потпирале, изградиле копнена и морска цивилизација. Подоцна меѓусебно се судриле, и во тој судир израснала една религија, која тие продолжиле да ја шират. Едните веруваат дека Хипербореја е наследник на Атлантида, другите веруваат дека Атлантида е нивната поморска цивилизација. Но, негирањето на Библијата и на Христос, како и на традиционалните религии кај овие групи, мене ми зборува дека верувањето во Атлантида како претпотопска цивилизација е всушност проповедање на нефилимската религија на демоните.

Ние пак духовно припаѓаме на лозата Давидова, потомци на Давида – кој со праќка го собори џинот Голијат, што имаше шест прсти на рацете и нозете, и потоа додека овој уште лежеше, го зеде неговиот железен меч и му ја отсече главата.

 

Орбело е првиот македонски роман од жанрот на езотеричен трилер, во издание на Аквариус-5 Скопје во 2009 година. Напишан е од авторите Ѓоре Гонев и Петар Трајков. Излегувањето на книгата било одложено од трагичното загинување на Гонев. На инсистирање од неговите родители романот е довршен и објавен во 2009 година.

во книжарниците на Табернакул и Култура

YouTube линк

рецензија од Дневник

Leave a Reply