Thursday, 17 August 2017

Прашања за Македонија

Избегнувајќи го древниот одговор, сеуште сме соочени со прашања…

Мошне важно прашање за сите приврзаници на автономијата на Македонија, како и за нејзините противници, се јавува прашањето: кои се и што претставуваат Македонците што се борат за незави сноста на Македонија? Од кои луѓе се состои лагерот на приврзаниците на автономијата? Од чие име тие го поставуваат ова прашање? Кој стои зад нивниот грб во Македонија и на Балканот? Врз што тие ја засноваат својата борба за македонскиот национален идеал? Кои се нивните непријатели во Македонија и на Балканот и дали движењето е национално или политичко?