Tuesday, 21 November 2017

Музика на Новиот бран во Македонија

1980…

Во Македонија сцената далеку заостануваше зад останатите центри во СФРЈ.
Не постоеше продуцентска и издавачка куќа.
Единствено студио за снимање беше РТС – во тоа време бастион на конзервативизмот.

Освен Леб и Сол, кој веќе постанаа Југословенски бренд, останатите мака мачеа да создадат и пренесат музика.

1983…
Сепак,се појавија  првите ластовички.Тоа беа Цилиндер и Мизар.
За жал, Цилиндер – средношколските легенди од Орце Николов, релативно брзо се распаднаа. Остана “Само еден дел

Во 1983 се одржа Рок Фест во Охрид, на кој настапија :Mayo Vox  –  соло клавијатурист , како и DDT ( Петар Јанков, Денко Матевски и Сашо Џон)  истоа така настапија на Рок Фест – Охрид Мизар, кој постои и денес, беше култен бенд. Водач на Мизар е Горазд Чаповски – гитара. Победници беа Токму Така од Кавадарци.

1984  – 1985

Овој период е  е еден  од најплодните на македонската сцена.

Со македонската сцена  доминираат „Падот на Византија“ и „Бадмингтонс“.  Обата бендови беа ко-победници на Рок фест 1985 година.

„Падот на Византија“ ги предводеше Горан Трајковски. Бендот имаше незаборавна музика,  како на пример: „Прекрасна ноќ над Југославија“, „Почеток и крај на истата песна“ и  „Пак истата состојба“.

„Бадмингтонс“      се Владимир Петровски – Картер, Дејан Шкартов и Борис Георгиев.  Бадмингтонс беше панк ток варијанта на новиот бран.

Гино де Гаги и Нивните страсти се појавува во 1984 – та година.

Се појавуваат и бендови како Психо и Морал.

Дел од  музиката од овој период е достапна на на двете ЦД – а Macedonian document Step 1 & Macedonian document step 2.

1988+…

Мизар, кој постои и денес, беше култен бенд.  Водач на Мизар е Горазд Чаповски – гитара, заедно со Ристо Вртвев – Вокал.  Формиран е во 1983 година, имаше повеќе промени во персоналниот состав. Првиот  албум го издава  во 1988, со Горан Трајковски какко Вокал.

Архангел е бенд кој настана во 1989  година. Го формираше поранешниот вокалист на Мизар – Ристо Вртев. Архангел  стана култен бенд во 90 – те години во  Македонија.

Архангел не би бил  тоа по што се памети – да не беа бравурозните аранжмани на Драган Гиновски – Гино и Петар Јанков ПЈ. Без нивните делници ,  Аргангел се сведува на озвучена поезија. Со нив, постанува музика.

Во оригиналната постава на Архангел  ( како и на Гино де Гаги и нивните страсти) беше и  Дејан Ургировски – Ушко, кој за жал го напушти овој свет прерано.

По повод неговата смрт, неговите пријатели предводени од Саша Павловиќ, издадоа ЦД –  Tribute to Ushko.

Дел од оваа музика е достапен на на двете ЦД – а Macedonian document Step 1 & Macedonian document step 2.