Wednesday, 22 November 2017

Мумиите од Липково

СЕ ИСПЛАШИЛЕ КОГА ВИДЕЛЕ ДЕКА HE ГОРАТ

“Во 1957 година кога се градел пристапниот пат кон браната на Липковското езеро градежните работници ископале три гробници. Во нив биле положени дабови сандаци, во кои, кога ги отвориле констатирале дека има погребано луѓе. Co оглед на тоа што телата биле, како да се вчера починати и погребани, работниците се исплашиле дека откриле некоја нелегална пресна гробница и не знаеле што да прават со откриените гробови.
Се обиделе телата да ги запалат, но уште повеќе се испашиле кога виделе дека не горат.

Тогаш решиле да ги попрскаат со вар и така целиот предел да го дезинфицираат.
Телата ги вратиле в земја, a co тоа и тајната што ја носеле со нив”,…
…последните ископувања на тоа место се вршени во 1998 година од страна на археолози од Народниот музеј на Куманово.
Екипата на истражувачи ја предводел м -р Звонимир Николовски.

по 1957 година, кога се откриени првите три мумифицирани тела, во 1963 година, тргнувајќи од претходно добиени информации од градежните работници, екипа од Археолошкиот музеј, предводена од професорот Иван Микулиќ и Саржо Саржовски, почнала нови ископувања на месноста.
Но, трите претходно пронајдени гробници не биле откриени, затоа пак, била откриена една нова гробница, идентична како претходните, во која пронашле машко мумифицирано тело со долга коса и брада.
Облеката во која бил облечен покојникот била јасно видлива – сина кошула, јакна со црвена груба ткаенина и волнени панталони.
Во слојот над ковчегот се откриени низа предмети од керамика со доцни хелинистички карактеристики што упатува на податокот дека погребувањето е извршено во последните векови на старата ера, односно во периодот на силното македонско царство на Филип и Александар Македонски.

НЕМА ДОВОЛНО ПОДАТОЦИ ЗА АНАЛИЗА

Мумијата што била пронајдена од оваа екипа била однесена во одделот за судска медицина во Скопје, каде што се наоѓа и ден денес.
Но, заради лошото третирање во првите часови по вадењето од земјата, таа не може да даде доволно информации за науката.
Но, проблемот се јавува заради долгата изложеност на мумифицираното тело на кислород и заради тоа денешните испитувања на неа не можат да дадат доволно податоци за анализа.
Од недоволните сознанија од времето кога е откриена се знае само дека не се работи за класично мумифицирање, како што тоа се работело во древен Египет, туку телата се сочувани благодарение на глинестото земјиште низ кое минува минерална вода.
Тоа овозможило дрвото на сандаците да се засити со минерални соли што не дозволувало присуство на кислород.

Но, овие сознанија не се доволни за да го расветлат доволно овој случај.
Затоа се потребни нови археолошки испитувања за да се надмине мистеријата, и да се открие точниот период на погребувањето на покојниците на овој начин.
Дополнителните истражувања би ја откриле и тајната зошто баш на тоа место се погребувале мртвите.

Што знаеле древните Македонци околу мимифицирањето?
Дали тоа е тајна што потомците на Александар Македонски ја донеле од древниот Египет кога го поробиле?
Чудно е што досега македонската држава во овој период од педесетина години не нашла можност да се посвети на оваа мистерија, ако се знае дека процесот на мумифицирање е екслузивитет за древните народи и се уште за современиот свет преставува тајна.
Единствен запис досега за пронајдените мумии постои во специјализираното списание Археолошки преглед од 1963 година, кога и се откриени труповите.

Ha три мумии им се губи трагата во Белград

По двете пронаоѓања на мумиите во 1957 и во 1963 година во организација на Археолошкиот институт од Белград, а под раководство на професорот Војислав Трбуховиќ се пронајдени уште три идентични мумии.
Ho, пo ископувањето тие се однесени во непознат правец, најверојатно на испитувања во Белград од каде што им се губи секаква трага.
Досега од страна на белградските научници не се откриени никакви податоци од анализите што ги правеле.

Кумановско поле било густо населено во доцната антика

Истражувањето што го организирало Народниот музеј од Куманово во 1998 година не открило нови тела, но само заради тоа што од објективни причини истражувале малку подалеку од местото на кое претходно биле пронајдени телата.
Биле пронајдени низа фрагменти од керамика и други артефакти од касниот хелинистички период, истото време во кое се погребани и мумифицираните тела.
Тоа доведува до податот дека најверојатно местото каде што се откриени мумиите претставува поголема некропола со континуитет, чија населба се наоѓала подолу во полето.
Ова место е во средината на густо населени старовековни населби од доцната антика, испресечнени со богата патна мрежа.