Monday, 20 November 2017

Македонската револуција и слободното ѕидарство

Колку биле тајни тајните организации во минатиот век, и дали сеуште не можеме да го препознаеме нивното влијание во македонското револуционерно дело? Познато е дека голем број од македонските војводи биле посветени во древните ритуали на слободните ѕидари, а и самите параферналии на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и те како се слични на симболите кои се користени од масоните ширум светот.

Александар Протогеров, родум од Охрид, кој е познат како организатор на револуционерни чети и член на ЦК на ВМРО, бил првиот голем мајстор на обединетата масонска ложа на Бугарија. Меѓу Македонците што биле членови на оваа масонската ложа се и Антон Кецкаров од Охрид, Јордан Бадев од Битола и Љубомир Милетиќ од Штип. Ова го покажуваат документите од бугарските масонски архиви претставени на изложбата „Светлина“, која во 2009та година беше презентирана во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.