Tuesday, 25 July 2017

Фолтин

„Фолтин“ е една од најпознатите групи од Битола, Македонија, која постои од 1997 година. Групата учествувала на многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија, и неколку пати биле наградени за нивната работа.

Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како надреална, страстна и жива, со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите македонски ритми. Иако групата користи стандардни музички елементи, пристапот во градењето на атмосферата е непредвидлив и оригинален. Музичкиот јазик на „Фолтин“ е имагинарна смеса или фонетска имитација на јазици, како што се: шпански, француски, португалски, романски, таканаречен „спонтан eсперанто“ итн. „Фолтин“ себеси се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре, и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси. Но, тоа не е воопшто чудно имајќи го предвид фактот дека членовите на групата работеле на музика за театарски претстави.

Членови на бендот

  • Пеце Николоски – кларинет, каос пад
  • Бранислав Николов – вокал, гитара
  • Пеце Трајковски – дигитален акордеон
  • Гоце Јованоски – бас
  • Славчо Јовев – тапани
  • Маријан Станич – перкусии

Фолтин на SoundCloud

Фолтин на FB

Дискографија

  • Outre-Mer (1997)

    • Archimed (2000)

    • Donkey Hot (2003)

  • Lo-Lee-Taa-Too (2005)

    • Penelope X (заеднички проект со Никола Коџобашија и Гоце Стефковски) (2011)

    • Оваа Трансплантирана машина за чукање досега не типкала љубовно писмо (2008)

  • Антитело (2012).