Wednesday, 26 September 6440

Шкарт

Ефтиниот производ зацарува со маркетот

безброј вешти компании од третиот свет

создаваат нова мрежа на моќи

со невидена предаденост и фатум

кој извира од старата циклична скаска

за моќта и власта на двоножците умни

што како гледаме патува од исток кон запад и со себе го влече азното

древно кое народите од робови во

господари ги строи и гладните

паори обесни баханти ги правии сите дрски цареви и сатрапи нивни

ги кутка во правта и нови исти

такви поставува за и нив ко ќе

дојде време да ги турне во дупката

мрачна на ништожност слична во

алта по слава и мамка за мака

и завист и срџба и бес и злоба

и сите разлиени по пејсажот лиги

од безумни танци и оргии мрснии гадости страсни за помалку од

ништо, за повеќе од “Доста”, за целиот

ужас што експлоатацијата го носи

со се проституцијата и експроприацијата

и национализацијата и милитаризацијата и

егзикуцијата и капитулацијата.

– од Жена Пејсаж