Старомакедонските новобогаташи

Нивните салони се сурови и страшни за деликатните персони од вкус. Ракијата што ја пијат убива стаорци, а дискурсот им е повеќе како ономатопеја на расипано радио. Естетиката им е грда и наивна, но тие си се чувствуваат„супер“ во овој народнички кич. Најмногу од се ја ценат територијата и купуваат големи површини земја надвор од градот, до кој се стига по чудни едвај проодни патчиња. Сакаат од висината на планините и брдата да гледаат кон градот, кон гетата и приградските села од кои успеале да се измолкнат. Тоа среќно бегство и го должат на интелигенцијата со која се обилно надарени и на која се горди. За нив качувањето на брдата и ѕидањето камени цитадели е врв на успехот што може човек од нивната класа да го постигне. И тоа е основната придобивка за родот што ќе уследи. За префинетите дејности ќе се грижат наследниците, а за старомакедонските новобогаташи најбитно е да се заграби што поголемо богатство и земја. И да се изградат замоци со големи ѕидови. Достојни на империјата.

од Виртуелен Уметник

1 Comment

  • […] Нивните салони се сурови и страшни за деликатните персони од вкус. Ракијата што ја пијат убива стаорци, а дискурсот им е повеќе како ономатопеја на расипано радио. Естетиката им е грда и наивна, но тие си се чувствуваат„супер“ во овој народнички кич. Најмногу од се ја ценат територијата и купуваат големи површини земја надвор од градот, до кој се стига по чудни едвај проодни патчиња. Сакаат од висината на планините и брдата да гледаат кон градот, кон гетата и приградските села од кои успеале да се измолкнат… (Старомакедонските новобогаташи) […]

Leave a Reply